Мезе со чаден лосос, нов специјалитет од кујната на Винска соба

169

Ако досега доаѓаа во Винската соба на Дејан Донев главно поради дегустациите на вината од голем број македонски и винарии од странство, сега ќе почнат и поради мезето. Го пробавме неговото одлично мезе со чаден лосос, а го имаме и рецептот

Во Винската соба на Дејан Донев во Скопје секогаш имало добро мезе, нели, за да не се дегустираат на гладно сите тие убави вина од голем број македонски, но и од винарии од странство, но овојпат, домаќинот ги засукал ракавите и направи и едно ново – со чаден лосос.

Се разбира, ние бевме таму за да го пробаме и еве го и рецептот:

Состојки:

Чаден лосос

крем сирење

краставица

капери

виолетов кромид

копар и италијанска мешавина на зачини

Приготвување:

Се сечкаат ситно кромидот, краставицата, каперите и лососот и се поврзуваат со крем сирењето, се зачинува по вкус и се сервира врз крекери.

Наш предлог за сервирање: Со оглед на тоа што намазот ги омекнува крекерите и тие повеќе не се онака крцкави како претходно, можеби е подобро да се сервираат во одделна чинија и секој да си зема по малку во својата чинија па да си мацка со крекерите или пак да се намачка врз мали кришки од интегрален багет.