Миризлива кралица на есента: Семките од дуњата имаат антиканцерогено својство

Фото: Pixabay
182

Семките се најлековитиот дел од дуњите, иако се лековити и плодот и листовите, а особено сокот и сирупот. Семките содржат големи количини витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство

Дуњата е вистинска витаминска бомба и е позната во народната медицина уште од многу одамна.

Примарно се користи како средство за ублажување на кашлицата и за смирување на стомачни заболувања.

Ова благотворно овошје потекнува од Југозападна Азија, негови лековити делови се плодот, листовите и семките, а особено сокот и сирупот од плодот.

Плодот на дуњата е богат со витамини и минерали.

Содржи витамин Ц во големи количини, потоа витамини Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи и протеини, диетални влакна и јаглени хидрати.

Семките се неговиот најлековит дел и кога ќе отстојат во вода ослободуваат слуз што помага при проблеми со кашлицата.

Семките од дуња содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој што има антиканцерогено дејство.

Тие се богати и со масти, танин, пектин, шеќери и јаболкова киселина.

Лековити се и плодовите и листовите и семето, а особено сирупот и сокот. Благодарение на танините и слузта поволно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести.

Сокот од дуња лекува кашлица, астма и диареја, додека печена или варена дуња се препорачува за анемија, но и за лекување на воспалението на желудочната и цревната слузокожа.

Дуњата се употребува и за лекување на суво ждрело, крајници, дишни патишта, како и за ублажување на обилните менструации.

Чајот од семки од дуња лекува несоница, ја ублажува напнатоста и го отстранува непријатниот здив, додека слузот од семките лекува изгореници и рани.

Иако звучи необично, дуњите се одлична комбинација со печено месо, пилешко, месо од патка, јунешко и месо од дивеч.

Французите со векови наназад изработуваат сирење од дуњи кое се подготвува така што два килограми дуњи се варат заедно со кората додека потполно да омекне.

Кога ќе се изладат, се сечат на парчиња и се пасираат малку.

Добиената маса се мери, за да се додаде соодветно количество на шеќер (на килограм и пол пире од дуњи се додава килограм шеќер).

Потоа смесата повторно се вари на тивок оган околу 45 минути, со постојано мешање.

Веднаш по варењето, сирењето од дуњи се става во соодветен сад и кога ќе се излади, се сече на коцки, се наросува со шеќер во прав и се става на темно и суво место да стои.