Може кафенце? Две до четири шолји дневно не штитат од срцеви болести и ја спречуваат депресијата

Фото: Pexels
192

Кафето помага бидејќи содржи полифеноли и минерали. Безкофеинското го нема истиот ефект, а делотворноста ја намалува и додавањето млеко

Едно од оние вечни прашања е и она дали кафето е здраво, во кое време од денот и во кои

количини.

Познато е дека кофеинот може да има негативно влијание врз нашиот ноќен сон ако го пиеме

доцна во денот, но новите студии покажуваат дека можеби е поздрав отколку што мислевме.

Две до четири шолји дневно не штитат од кардиоваскуларни болести и ја спречуваат депресијата,

покажало истражувањето.

Утринското кафе не само што ги отстранува заморот и грижите, туку и го зајакнува нашиот

метаболизам. Тоа значи дека согоруваме повеќе калории и масти дневно.

Според едно шведско истражување, кофеинот позитивно влијае на нашиот метаболизам.

Експертите проценуваат дека шолја кафе со просечно 100 мг кофеин ја зголемува потрошувачката

на енергија за околу 100 калории дневно. Патем, 100 калории има околу едно чоколатце.

Студијата исто така покажала дека срцевите аритмии се поретки меѓу оние кои пијат кафе.

Кофеинот всушност го зголемува шеќерот во крвта.

Но, долгорочните студии покажуваат дека оние што пијат кафе имаат помал ризик од развој на

дијабетес тип 2.

Истражувачите се сомневаат дека тоа е поради минералите што ги содржи, како магнезиум.

Во друга студија, кинеските истражувачи следеле речиси 450.000 луѓе во текот на 12 години.

Најголем позитивен ефект забележале кај оние кои пиеле по две до три шолји кафе дневно.

Сепак, предупредуваат дека додавањето млеко го намалува ефектот, па затоа е подобро да се

користат растителни алтернативи. Исто така, кафето мора да содржи кофеин.

Кинеско истражување покажува и дека пиењето кафе секој ден го намалува ризикот од мозочен

удар.

За 28 проценти е намален и ризикот од деменција.

Причината лежи во фактот што кафето содржи полифеноли кои го стимулираат протокот на крв во

мозокот, а добро снабдениот мозок не одржува здрави и продуктивни и ги зајакнува нервните

клетки.