Jагоди и бозел: Пролетен пијалак во кој можете да уживате во текот на целата година

Фото: Pixabay
97

Ликерот од јагоди и бозел се подготвува многу лесно, а освен што на тој начин ќе ги зачувате слатките мириси на пролетта цела година, имате и добра причина да прошетате во природа за да ги набавите состојките.

Сезоната на јагоди брзо поминува и за да уживаме во нивната освежителна сладост што е можно

подолго, смислуваме различни начини како да ги зачуваме. Од замрзнување, готвење џем или

правење компот, домаќинките и интернетот се полни со совети.

Нам ни се допадна рецептот за ликер од јагоди и бозел кој го најдовме на хрватскиот портал

„Крени Здраво“.

Ликерот може да се направи и од шумски јагоди, кои уште повеќе ни се допаѓаат, а освен да го

пиете како аперитив или со десерти, можете да го користите и како декадентен прелив за разни

деликатеси.

Совршено ќе го надополни чоколадното суфле или некој десерт од варено овошје, а со овошни

креми, сладолед или чизкејк користете го топол за целосно умами.

Рецептот е многу лесен за следење и гарантираме дека резултатот ќе биде одличен.

А кога ќе го пробате овој, обидете се да направите различни ликери од јагоди, густи, со вино или со

разни зачини.

Состојки за ликер од јагоди и бозел:

2 кг јагоди
Околу 20 цветови од бозел
1,5 л ракија
4 дл сируп од бозел
1 кг шеќер
Цејлонски цимет и каранфилче, по желба

Приготвување:

Подгответе поголема тегла и во неа додајте цели јагоди и сите останати состојки.
Измешајте ја содржината и оставете ја три недели на топло место или сончев дел од прозорецот.

Повремено мешајте.
По три недели, процедете го и чувајте го ликерот на темно и ладно место.

Ако сакате погуст ликер, испасирајте дел од јагодите и измешајте.