Можеби е жешко за печење во рерна, ама кој може да одолее!!! (ВИДЕО)

5.565

За рецептот кој го најдовме на страната за рецепти со тесто – Cookrate, пишува дека е стар 100 години и е наследство од нечија баба. Како и да е, навистина изгледа како највкусниот леб што сме го виделе досега. Ќе ви потечат лиги, дури и на овие температури

Состојки и начин на приготвување:

280 мл топла вода
10 г шеќер
5 г квасец
Се остава оваа смеса да отстои 10 минути

370 г брашно
10 г сол
40 мл масло

Да се замеси тесто, да се покрие и да се остави да нарасне 1 час.

Во меѓувреме исечкајте ситно 15 г или пола китка магдонос и исто толку копар и помешајте ги со 60 г лук, 50 мл масло, 40 г пармезан и 75 г стопен путер.

Тестото исечете го на парчиња и едно по едно потопувајте ги во смесата со магдонос и лук (како во видеото), поросете одозгора 30 г пармезан и ставете го во форма на венец во тава со дијаметар од 26 цм да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

Во меѓувреме испечете и 1 главица виолетов кромид и две главици лук пресечени на половини, зачинети со сол и црн пипер и прелиени со масло, во фолија на 180 степени околу 15 минути.
Измешајте во една чинија 20 мл масло, сол и црн пипер по вкус, 150 г крем сирење, 1 млад кромид, магдонос, 30 г пармезан, 40 г моцарела, сол и црн пипер по вкус.Во смесата истиснете ги и испасирајте ги печениот кримид и лукот.

Ова ќе биде макалото со кое ќе го послужите печениот леб.

За подетални информации погледнете го видеото: