Можеби немате време за појадок, ама за една урма сигурно имате!

Фото: Freepik
498

Дури и само една урма на ден може да го препороди вашиот организам, а 4 до 6 урми веќе прават чуда!

Ова овошје секако не е едно од најпопуларните на нашите простори, што е вистинска штета – бидејќи само четири до шест плодови дневно можат да му обезбедат на нашиот организам бројни придобивки. Некои експерти тврдат дека дури и само една урма дневно прави разлика! Се вели дека урмите се најздравото овошје на планетата, а со векови се незаменлив дел од исхраната во арапските земји, од каде што најчесто се увезуваат – Египет, Ирак, Иран, Либија, Тунис…

Тие се и деликатес со многу прифатлива цена, бидејќи за 500 грама свежи урми треба да потрошите само околу 100 денари. А урмите брзо заситуваат и засладуваат, служат како брза закуска и здрава алтернатива на индустриските шеќери. Ги нарекуваат и „чоколадо“ меѓу овошјето, а нивниот вкус и навистина потсетува на овој десерт.

Поради својот состав урмите се вистинска мултивитаминска бомба, содржат витамини Б6, селен, влакна, железо, магнезиум, бакар, калиум, манган, а одредени истражувања покажале дека ова овошје е и антиканцерогено.

За што се добри урмите?

Урмата ублажува цела низа тегоби и е ефикасна на повеќе нивоа. Па, ајде да погледнеме што сѐ може да направи ова егзотично овошје.

Помагаат при анемија

Ако имате проблеми со анемија, посегнете по урмите – тие се вкусни и се одличен извор на железо.

Тие се решение за проблемот со запек

Урмите ќе го забрзаат и регулираат варењето, а најдобро е неколку урми да натопите во чаша вода, па да отстојат преку ноќ, за да го испуштат сокот. Течноста пијте ја наутро – таа е одличен лаксатив и лек за запек и мрзливи црева. На 100 грама урмите содржат околу 8,5 грама влакна, а познато е колку влакната се корисни за варењето.

Го продолжуваат чувството на ситост

Го намалуваат несаканиот холестерол во крвта

Тие се најдобрата храна за мозокот

Ја зголемуваат сексуалната издржливост и делуваат како афродизијак

Делуваат како енергетски стимуланс

Урмите се одличен енергетски засилувач, а даваат максимален енергетски ефект кога ги мешате со млеко. Тие содржат природни шеќери како гликоза, сахароза и фруктоза, кои се неопходни за човечкото тело да има енергија.

Го штитат видот

Го зајакнуваат срцето

Ја зајакнуваат забната глеѓ