Можеби звучи смешно, но постојат правила и за варење јајца

Фото: Pexels
2.985

Ако сте од оние кои точно знаат какви ги сакаат јајцата, па ги вади од такт кога наместо течна или мека жолчка, таа им е тврда, преварена и се рони, тогаш повторете ја лекцијата

Да, да, дури и обичното варење јајца бара посебни знаења и вештини. На ова инсистираат големите готвачи, нагласувајќи дека јајцето треба да биде добро варено, а притоа да не делува како да е „гумено“.

Варење јајца
Во многу домаќинства, јајцето за појадок е едноставно дел од обилниот појадок. Постојано се поставува истото прашање. Колку време е потребно за да се свари совршено јајце? Во зависност од саканата густина или тврдост, јајцето ќе се вари помеѓу 3,5 и 11 минути. Колку подолго се вари јајцето, толку белката и жолчката стануваат поцврсти.

За меко варено јајце со цврсти белки и течни жолчки, варете го шест минути.
За совршено тврдо варено јајце со малку мека средина, варете го девет минути.
За целосно варење на жолчката варете го десет минути.

За да добиeте тврдо варени јајца по желба, прво треба да се потопат во ладна вода директно од фрижидер, со три прста вода над нив. Штом водата ќе зоврие, тргнете го тенџерето од шпоретот. Во тој момент јајцата се веќе меко варени.

Ако сакате тврдо варени јајца, оставете ги во врела вода уште половина час. По варењето, измијте ги јајцата под млаз ладна вода за да се прекине ширењето на топлината и полесно да се излупи лушпата.

Варење јајца во апарат за таа намена
Ова е веројатно најопуштениот и најлесниот начин за готвење јајца. Поради многу практични карактеристики како што се поставување на тајмерот и функцијата за загревање, варењето јајца овде функционира речиси автоматски. Не е важно дали се работи за меко варено јајце со течна жолчка или многу тврдо варено јајце со ронлива жолчка.

Готвење јајца во микробранова печка

Дали сте пробале да сварите јајца во микробранова печка? Велат дека функционира. Најдобро е водата претходно да се загрее во електричен бокал. Потоа ставете ги водата и јајцата во сад прикладен за микробранова печка.

Совет: додадете малку сол во водата за да спречите пукање на јајцата. Ако водата е претходно сварена, јајцата треба да бидат помеѓу 10-12 минути во микробранова печка. Внимавајте кога го вадите садот од микробрановата, ќе биде многу жежок.

Арт кујна ви препорачува сепак, да ги варите јајцата во тенџере или во апарат за варење јајца.

Зошто некои јајца се лупат полесно, а некои потешко
Честопати се јавуваат проблеми кога ќе дојде време за лупење на јајцата, бидејќи лушпата не може лесно да се одвои од јајцето. Тоа што јајцата не се лупат лесно и брзо може всушност да биде последица на свежината на јајцата. Со текот на времето, мембраната што ги поврзува лушпата и јајцето попушта, па јајцето полесно се лупи.