Од 15 до 26 мај, во периодот од 17 до 20 часот сите заинтересирани деветоодделенци и нивните родители имаат можност да го посетат средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје и да се информираат за содржините што ги нуди
Од 15 до 26 мај во средното скопско училиште „Лазар Танев“ се во тек таканаречените отворени денови кои се одржуваат под мотото „На кафе со родителите“.
Станува збор за можност, сите заинтересирани деветоодделенци заедно со своите родители да го посетат училиштето секој работен ден во споменатиот период, во термините од 17 до 20 часот и во разговор со наставниците да ги добијат сите потребни информации за различните профили, условите во училиштето, наставните програми, соработката со секторот.
Ова средно училиште продуцира повеќе кадри во угостителско-туристичката и хемиско-технолошката струка.