Најдобрите (и најлошите) места за чување леб: Трикови со кој свежата векна ќе трае подолго

Фото: Pexels
237

Најлошо место за чување леб е пластичната кеса бидејќи го зголемува ризикот од мувла, додека платнената кеса е многу подобар избор…

Ако сакате да му ја вратите свежината на стариот леб, можете да го натопите и да го загреете во рерна или да го користите за да направите презли, пудинг од леб и слични јадења.

Но, постојат и неколку трикови за продолжување на животниот век на лебот – со чување на темно, ладно и суво место каде што има доволно воздух за да „дише“, но не толку за да се исуши и да стврдне.

Токму поради таквите услови (исклучената) микробранова печка е едно од најдобрите места за чување – се разбира додека не ја користите. Нешто помалку невообичаено решение е фиоката за леб, чија единствена мана е што зазема за многу луѓе вредно место во кујната. Најлошото место за чување леб е пластичната кеса бидејќи го зголемува ризикот од мувла, додека платнената торба е многу подобар избор.

На долг рок, можете да го замрзнете вишокот леб, но завиткајте го во најлонска фолија пред да го ставите во замрзнувач. За да го одмрзнете, оставете го на собна температура неколку часа или загрејте го во рерна на ниска температура.