Најсочните пилешки гради: Рецепт за похувано месо што го погледнале повеќе од 5 милиони луѓе

Фото: Freepik
2.458

Похувани пилешки ролнички кои однадвор се крцкави, а во средината сочни

Пилешките гради немаат многу маснотии, па често ги пресушуваме при термичка обработка. За да го спречите ова мрачно сценарио, можете да користите некои трикови.

Серж на каналот на YouTube It is taste (@Esistlecker) објавил рецепт за, како што тврди, најубавите пилешки гради.

Станува збор за пилешки гради кои се чукаат во тенки шницли, па се полнат со путер, копар и рендан пармезан, се виткаат во ролни, се похуваат со јајца и презли и се печат во рерна.

Видеото со наслов „Го научив овој трик во ресторан! Највкусните пилешки гради“ (Learned this trick in a restaurant! The most delicious chicken breast) го погледнале повеќе од пет милиони луѓе за само еден месец, иако Серж има само 31 илјада претплатници.

Состојки за пилешки гради:
4 пилешки гради
100 гр рендан пармезан
100 гр путер
50 гр свеж копар
50 гр лебни трошки
1-2 јајца
сол и пипер по желба

Приготвување:
Пилешките гради исечете ги на половина за да добиете вкупно осум шницли.
Шницлите се чукаат и се зачинуваат по желба.
Исечете го путерот на осум еднакви делови.
На пилешкото ставете парче путер и премачкајте го преку површината на месото.
Изрендајте го пармезанот. Поголемиот дел измешајте го со сечканиот копар и ставете го во посебен сад.
Остатокот од ситно сечканиот пармезан измешајте го со презлата и ставете го во чинија.
Врз намачканите пилешки гради ставете ја смесата од пармезан и копар.
Завиткајте го пилешкото во ролат.
Потопете го ролатот во изматеното јајце, па валкајте го во смесата од пармезан и презла.
Повторете го процесот додека не ги направите сите осум пилешки ролати.
Ставете ги ролатите на плех за печење.
Печете ги во загреана рерна на 200 Целзиусови степени 50 минути.
Послужете ги со сос по желба.

Целиот процес на подготовка погледнете го во видеото подолу.