Нaместо да го гледате рокот на траење, мириснете! Не ја фрлајте храната ако вашите сетила велат дека е добра

Фото: Freepik
264

Неодамна, синџирот супермаркети во Британија, Морисонс, најави отстранување на датумот за употреба на шишињата со млеко со цел да ги поттикне луѓето да не го фрлаат млекото врз основа на овој датум и со тоа барем малку да го намалат отпадот. Идејата е да се охрабрат луѓето, наместо да го фрлат млекото, прво да ги користат своите сетила за да утврдат дали е сè уште безбедно за консумирање.

Секоја храна е обележана со рок на траење, па купувачите имаат претстава до кога би требало да се изеде, но тоа не значи дека по истекот на тој рок намирниците треба да се фрлат.

Факт е дека значителна количина храна се фрла врз основа на следење на рокот на траење на производот, но многу често овие датуми не значат многу. Kога треба наместо на рокот на траење, да им верувате на вашите сетила и која храна може да трае речиси вечно?

Секоја година, приближно една третина од храната произведена за човечка исхрана се фрла, приближно 1,3 милијарди тони. Поголемиот дел од отпадот од храна би можел да се избегне доколку со отпадот се управува подобро, а за тоа придонесуваат и роковите на производите кои многу често не значат многу. Датумите најчесто се доделуваат од страна на производителите на храна произволно бидејќи законски се обврзани да ги имаат, но без никакви стандарди или експерти кои би донеле такви одлуки.

Неодамна, синџирот супермаркети во Британија, Морисонс, најави отстранување на датумот за употреба на шишињата со млеко со цел да ги поттикне луѓето да не го фрлаат млекото врз основа на овој датум, а со тоа барем малку да го намалат отпадот. Идејата е да се охрабрат луѓето, наместо да го фрлаат млекото, прво да ги користат своите сетила за да утврдат дали е сè уште безбедно за консумирање.

Наместо да пишува датум на истекување на производот, Морисонс ќе стави етикета „помирисајте“ на своето млеко и ќе додаде рок на траење што покажува до кога млекото ќе има најдобар вкус. Трговецот на мало се надева дека ова ќе ги спречи луѓето да го фрлаат млекото кое сè уште е безбедно за пиење, и наместо тоа ќе ги охрабри да проценат дали нивното млеко е лошо на старомоден начин, така што ќе го мириснат.

Веројатно сте се нашле во ситуација кога на нешто му поминало рокот, но производот сепак изгледа и мириса одлично. И покрај ова, некои сепак го фрлаат, можеби затоа што се придржуваат до рокот што е одреден на производот, но всушност, во оваа ситуација можете слободно да им верувате на своите сетила. Слично на тоа, колку пати сте виделе производ на кој сè уште не му е истечен рокот на траење, а изгледа или мириса лошо. Ова е јасен доказ дека треба повеќе да им верувате на своите сетила.

Најважно е храната пред сѐ, правилно да ја чувате, обработувате и правилно да ракувате со неа и ќе биде безбедна додека не покаже знаци на расипување, а тоа попрецизно ќе го одредат вашите сетила отколку испечатениот датум. Бактериите кои вообичаено предизвикуваат расипување на храната предизвикуваат промени во мирисот, вкусот и текстурата на храната, па ако ништо од овие работи не се променило, храната е безбедна за јадење.

Храната може малку да мириса пред да скапе и да стане небезбедна за јадење. Во овие многу рани фази на деградација, едноставно треба да се искористи што е можно поскоро на начин кој одговара на нејзината моментална состојба, како што е со загревање или готвење, наместо да се јаде сирова. Ако видите дека зелената салата почнува да венее, изедете ја за вечера. Ако немате време да го искористите лебот, замрзнете го или направете похуван леб. Ако морковите и целерот се омекнати, искористете ги за супа. Ако сирењето е мувлосано, исечете го мувлосаниот дел и остатокот изедете го или растопете го во сос за тестенини. Има некои намирници кои иако имаат рок на траење, теоретски може да траат бесконечно, но не значи дека засекогаш ќе го задржат истиот вкус. Некои од тие „вечни“ намирници се:

Мед – иако може да ја промени бојата или да кристализира, има неограничен рок на траење,
Сол – имајќи предвид дека чистиот натриум хлорид постои неколку милијарди години, не е изненадување што трае вечно.
Шеќер – ако се чува подалеку од влага и топлина, исто така ќе трае вечно.
Оцет – поради неговата киселост, всушност е самоодржлив.
Бел ориз – само треба да внимавате добро да се чува, за да го заштитите од инсекти.
Алкохол – жестоките пијалаци ќе ви траат вечно ако се добро затворени.
.
Покрај овие намирници, разни други кои можеби нема да траат вечно, но може да траат многу подолго од препорачаното на производот. Како што веќе беше истакнато на почетокот, млекото и млечните производи можат да бидат добри и по истекот на рокот, доколку ги слушате вашите сетила. Путерот ќе биде добар две недели по истекот на рокот, а ако го замрзнете ќе трае сигурно девет месеци. Киселите производи како краставици или маслинки ќе траат речиси една година во фрижидер дури и по отворањето. Речиси сите зачини ќе ви траат уште најмалку две години по истекот на рокот доколку се правилно складирани во тегли на суво и темно место. Ако сте отвориле пакување кафе и сте го заборавиле, не грижете се бидејќи ќе ви трае и до шест месеци по истекот на рокот.

Во секој случај, користете здрав разум пред да ја фрлите храната, ако треба, замрзнете ја за да трае, помирисајте ја пред да ја фрлите или веднаш употребете ја ако изгледа како да е при крај на својот животен век. Дознајте повеќе за производите што ги купувате и како правилно да ги чувате за да траат што е можно подолго. Следете ја свежината на одредени состојки за да дознаете повеќе за нив и да им верувате на вашите сетила. Ова ќе направи да се чувствувате попријатно кога ќе ги игнорирате датумите на производот, со оглед на тоа што не е сè така црно-бело како што велат производителите.