Наместо едно јаболко на ден…Кога би знаеле дека кромидот може да ги намали и крвниот притисок и холестеролот, би го јаделе секој ден

Фото: Pexels
302

Од дамнешно време, внатрешната повеќеслојна структура на кромидот се поврзува со бесмртноста. Затоа, заборавете на „едно јаболко на ден“ и грабнете го кромидот

Заборавете на онаа позната препорака за „едно јаболко на ден“ бидејќи постои зеленчук кој ќе ве држи подалеку од лекарите. Д-р Пунам Десаи, лекарка за итна медицина, често споделува совети за здрава храна на социјалните мрежи. Неодамна во видео објавено на Тик-Ток откри каков зеленчук редовно јаде за да остане здрава. Станува збор за кромидот.

Антивоспалителни својства

Кромидот содржи кверцетин, кој му дава моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Кверцетинот има цела низа позитивни ефекти врз здравјето, вклучително и намалување на ризикот од срцеви заболувања, висок холестерол и крвен притисок и рак на простата, објаснува таа.

Оваа природна супстанца е чест предмет на научни истражувања и често се користи во функционалната исхрана и функционалната медицина со цел да се смири хиперактивна хистаминска реакција во одбранбениот систем, вели нутриционистката Џена Волпе, додека д-р Десаи вели дека типот на кромид и начинот на кој го консумирате влијае на нивото на кверцетин што телото ќе го прими.

Црвениот кромид содржи повеќе кверцетин

Црвениот кромид содржи повеќе кверцетин отколку белиот или жолтиот, па затоа секогаш избирам црвен. Покрај тоа, готвењето го намалува нивото на кверцетин во кромидот, па затоа обично консумирам сиров кромид за да извлечам максимални здравствени придобивки од него. Откако ќе го излупам горниот сув слој од кромидот, тие надворешни слоеви содржат повеќе кверцетин од средината. Затоа, следниот пат кога ќе одлучите да јадете кромид, одберете го црвениот и обидете се да го јадете сиров, а пред сѐ, надворешните слоеви, советува д-р Десаи.

Инаку, за оние кои не можат да замислат да гризат сиров кромид, корисно е да знаат дека кверцетинот го има и во други намирници, како црвено вино, зелен чај, шумско овошје и јаболка. На сите љубители на кверцетин-3-глукозидот, њујоршкиот гастроентеролог и автор на успешната книга „The Fiber Fueled Cookbook“, д-р Вил Булсиевич, им вели дека може да се најде и во јаболката, додавајќи дека тоа се фитохемикалии кои имаат лековито дејство и може да помогнат во заштитата на телото од одредени болести и тумори.

Тој истакнува дека и јаболката се одличен извор на влакна, па затоа едно јаболко со средна големина содржи околу 4,4 грама влакна. Јаболката содржат и неверојатно количество фитохемикалии, растителни материи кои помагаат во спречување на многу хронични болести. Јаболката се исто така добар извор на пробиотици, а д-р Булсиевич вели дека во само едно јаболко има околу 100 милиони бактерии. Научниците веруваат дека микробите од храната што ја јадеме имаат интеракција со микробите во нашите црева, нешто како долго раздвоените членови на семејството кои ќе се обединат по многу години.