Наместо во аптека, влезете во кујна: Природни лекови против секоја болка

Фото: Pexels
447

Истите зачини што ги прават вашите оброци вкусни нудат и широка палета на здравствени третмани. Научете како да користите природни лекови против киселини, главоболка, болка во синусите и за уште многу други проблеми.

Кога ќе добиете киселини, главоболка или забоболка, вашата прва реакција е веројатно да посегнете по некој лек. Но, дали некогаш сте размислувале да ги користите природните зачини што ги имате во вашата кујна како лек против болки? Дознајте кои се природните лекови со моќно и лековито дејство против болки.

Истите зачини што ги прават вашите оброци вкусни нудат и широка палета на здравствени третмани. Научете како да користите природни лекови против киселини, главоболка, болка во синусите и за уште многу други проблеми.

Киселини
Горчливите билки како куркумата ќе помогнат да се стимулираат дигестивните сокови и да се спречи таложење на киселина. Ако користите куркума како лек, земете две до три капсули куркума (достапни во продавниците за здрава храна) пред јадење или пак додадете ја во оброкот.

Главоболка
Направете чај од рузмарин кој помага крвните жили да останат раширени. Користете лажичка рузмарин со шолја топла вода, покријте и оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Пожелно е да се пијат три шолји дневно. Исто така, добар е и ѓумбирот кој го блокира тромбаксам А2, кој го спречува ослободувањето на супстанции кои ги прошируваат крвните садови. Со други зборови, тој е одличен за превенција од мигрена.

Синусни инфекции
Ако вашиот назален исцедок е бистар или бел, потребна ви е сушена билка како мајчина душица. Мајчината душица е моќен антисептик и традиционален лек за респираторни инфекции. Испијте шолја миризлив чај од мајчина душица. Додадете една до две лажички сува мајчина душица во шолја зовриена вода и оставете ја да отстои 10 минути. Потоа процедете и пијте, три пати на ден.

Каснувања од инсекти
Изладете ги каснувањата и убодите со помош на нане. Втријте капка есенцијално масло од нане директно на местото на каснувањето или убодот за брзо олеснување. Нането ќе го излади местото, што ќе спречи чешање и оток.

Настинка
Комбинирајте 30 грама исечкан свеж ѓумбир, здробено стапче цимет и 1 лажичка семки од коријандер, 3 цели каранфилчиња, 1 парче лимон и половина литар вода. Варете ги 15 минути на тивок оган. Процедете и пијте топол напиток на секои два часа.

Чили пиперчиња
Поволното дејство на чили пиперчињата се должи на главната состојка капсаицин, која ги ослабува сигналите кои телото ги испраќа до мозокот дека ве боли. Успешно ги третира болките во зглобовите, фибромијалгијата, осипите на кожата, мигрените и главоболките. Ако можете да се справите со вкусот, ставете три лажички каенски пипер во чаша вода и испијте ја за моментално олеснување.

Забоболка
Надминете ја забоболката, како и болните непца со лековити каранфилчиња. Најдобро е да ги џвакате, а каранфилчето ќе ја ослободи својата моќна аналгетичка состојка еугенол. Ако не можете да го поднесете неговиот остар вкус, направете силен чај од каранфилче.

Лук против болки
Забоболката, болките во ушите и артритичните болки успешно се лекуваат со лук. Направете сами масло од лук: додадете три сечкани чешниња лук на половина шолја маслиново масло и оставете да се вари на тивок оган две минути. Се процедува и се остава во фрижидер до две недели.

Вака подготвеното масло загрејте го и нежно втријте го во болните зглобови или мускули. Ако имате инфекција на увото, капнете две капки топло масло. Ако ве боли заб, направете мешавина од мелени чешниња лук и прстофат сол и нанесете ја на забот.