Намирници против стареење: Еве што треба да јадете после 40-тата година

Фото: Pexels
699

Нутриционистите тврдат дека овие шест супернамирници можат да го забават стареењето по 40-тата година од животот. Иако суперхраната е одлична за вклучување во вашата исхрана во секое време, постојат одредени намирници чии хранливи материи се поврзани со забавување на процесот на стареење.

Стареењето е убаво и нешто за што треба да се биде благодарен бидејќи, за жал, не секој ја има таа привилегија. Но, факт е дека понекогаш тоа може да биде предизвик. Телото поминува низ многу видови на промени, и надворешни и внатрешни, а тоа може да биде фрустрирачко, особено затоа што стареењето може да биде фактор на ризик за многу болести. За среќа, постојат супернамирници што можете да ги јадете редовно за да го забавите овој процес.

Често слушаме термини како „супер храна“ или „супер намирници“, но што значи ова? Според Клиниката во Кливленд, нема објаснување, но во суштина тоа е нискокалорична храна богата со хранливи материи. Иако суперхраната е одлична за вклучување во вашата исхрана во секое време, постојат одредени намирници чии хранливи материи се поврзани со забавување на процесот на стареење.

Некои од нашите нутритивни потреби може да се менуваат како што старееме, така што вклучувањето на одредени супернамирници во нашата исхрана може да им помогне на луѓето да живеат здрав живот како што стареат“, вели Лорен Манакер, регистрирана диететичарка.

Вашите 40-ти се совршено време да започнете да создавате здрави навики за да можете да ги пренесете тие промени во подоцнежните децении. Исто така, ова е период кога телото почнува да претрпува одредени промени, како што се губење на мускулната маса, кај жените хормонални промени поврзани со менопаузата и промени во висината поврзани со промените во коските и мускулите. Еве кои намирници можат да ви помогнат во ова:

Ф’стаци

Слободните радикали ги напаѓаат здравите телесни клетки, а се верува дека ова оштетување придонесува за воспаление и акумулација на оксидативен стрес. Заедно, тие можат да го забрзаат стареењето на клеточно ниво и можат да играат голема улога во промовирањето на хронични здравствени состојби, вклучувајќи срцеви заболувања и рак. Лекарите препорачуваат храна богата со антиоксиданти за заштита на здравите клетки од оштетување од слободните радикали во телото. Манакер истакнува дека ф’стаците можат да помогнат во борбата против слободните радикали.

Имено, студијата спроведена од Универзитетот Корнел објавена во списанието Nutrients откри дека ф’стаците имаат висок антиоксидативен капацитет, кој може да се спореди со намирниците кои се популарни токму затоа што се богати со антиоксиданти, односно, со боровинките, калинките итн.

Покрај тоа, многу студии покажуваат дека редовното јадење само неколку ф’стаци на ден може да го намали стареењето на клетките и да придонесе за долговечност кај оние со преддијабетес. Исто така, ф’стаците содржат лутеин, антиоксидант кој помага во одржување на здравјето на очите.

Лосос
Ова е уште една храна која го забавува процесот на стареење, како и многу други видови масни риби.

Лососот е одличен немасен извор протеини, хранлива состојка важна за одржување на мускулната маса, а особено е важен за повозрасните лица. Покрај тоа, тој е богат со омега-3 масни киселини, кои можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања, вели Лиза Јанг, регистрирана диететичарка.

Всушност, една студија објавена во списанието Neurology покажала дека оние во нивните 40-ти и 50-ти години чии црвени крвни зрнца содржат повисоки нивоа на омега-3 масни киселини имале подобри когнитивни способности и севкупна структура на мозокот од оние кои имале пониски нивоа на омега-3 масни киселини.

Брусница

Ако сакате брусница или сок од брусница, имаме одлична вест за вас, откриено е дека оваа суперхрана го забавува стареењето.

„Податоците покажуваат дека консумирањето еквивалент на една мала шолјичка брусници секој ден во период од три месеци може да ја подобри меморијата и нервната функција“, вели Манакер.

Богати се со растителни влакна, витамини и минерали, меѓу кои доминираат витамините од Б групата, витамините Ц и А, минералите калциум, калиум, магнезиум, железо, манган, бакар. Богати се со биофлавоноиди и други антиоксиданти кои имаат силни лековити својства.

Брусницата, исто така, делува добро за луѓе кои страдаат од гихт или ревматизам. Може да се пие и за превенција од васкуларни и туморски заболувања. Исто така, докажано е дека го забавува процесот на стареење, ја зајакнува меморијата и го зајакнува телото.

Домати

Според Јанг, доматите се важна суперхрана против стареење.

Одредени намирници со црвена боја, како доматите, содржат антиоксидант ликопен, кој се бори со слободните радикали кои доаѓаат со стареењето“, вели таа.

Ликопенот, растително соединение кое се наоѓа и во лубеницата и розовиот грејпфрут, е познат по многубројните здравствени придобивки.

Утврдено е дека високиот внес на ликопен помага во намалување на холестеролот, го подобрува кардиоваскуларното здравје и го намалува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, па дури и помага да се намали ризикот од рак на простата кај мажите. И покрај сите овие придобивки, ликопенот е познат по тоа што помага да се намали фотооштетувањето на кожата. Значи, ако сакате младешка кожа, само навалете на домати.

Јагоди

Тие се извор на витамин Ц и растителни соединенија, вели Манакер.

Според истражувањето објавено во Journal of Alzheimer‘s Disease, добивањето на препорачаната количина на витамин Ц може да помогне да се заштитите од когнитивниот пад поврзан со возраста. Сепак, истражувачите истакнуваат дека е многу поефикасно да се добие преку храна отколку преку суплементи.

На пример, 5 големи јагоди содржат речиси 100 проценти од дневната препорачана доза на витамин Ц. Витаминот Ц е неопходен за производство на колаген, кој ја одржува кожата мека и еластична. Витаминот Ц во јагодите, како и нивните полифеноли (антиоксиданти), помагаат во борбата против оштетувањата и воспаленијата предизвикани од слободните радикали, со што и помагаат на кожата да изгледа светла и младешка и помага да се смират акните за поблескав тен.

Некои податоци покажуваат дека консумирањето на бобинки повеќе од два пати неделно може да го одложи когнитивното стареење до 2,5 години. Исто така, бобинките можат да помогнат во заштитата на нашите клетки од оштетување предизвикано од слободните радикали и може да го намалат ризикот од срцеви заболувања и рак.

Темно зелен лиснат зеленчук

Лиснатиот зеленчук како кељот и спанаќот се богати со витамини Е и К, кои можат да го спречат губењето на меморијата и да помогнат во забавување на стареењето на нашиот мозок.

Истражувањата секако го поддржуваат ова. Студијата објавена од Американската академија за неврологија заклучила дека една порција лиснат зеленчук дневно е поврзана со помал когнитивен пад поврзан со возраста.

Но, придобивките од темно-лиснатиот зеленчук не застануваат тука. Не само што му помагаат на вашето когнитивно здравје како што стареете, туку овој зеленчук содржи каротеноиди, кои можат да помогнат во заштитата на очите од оксидативно оштетување, а особено спанаќот, кој е богат со антиоксиданти витамини А и Ц, кои можат да го заштитат срцето.