Напиток од 3 состојки кој го „голта“ пролетниот замор

Фото: Pexels
295

Портокалот во комбинација со ленено масло ја враќа изгубената енергија. Богат е со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото е таму за да го забави порастот на овошните шеќери од портокалот во крвотокот и на тој начин обезбедува рамномерно создавање на енергија во траење од неколку часа.

Намалениот внес на витамини и слабата физичка активност во зимските месеци се само некои од причините за пролетниот замор, кој често со себе носи поспаност, слабост и недостаток на енергија. Ако и вие сте негови жртви, пијалакот кој ја зголемува енергијата направен од само 3 состојки може да ви помогне брзо да ја вратите изгубената енергија. Едноставните шеќери кои наеднаш ги внесуваме во организмот преку консумирање слатки се брзо решение за зголемување на енергијата кое трае помеѓу 15 и 40 минути.

Енергетски пијалак
Долготрајниот ефект се крие токму во портокалот, кој во комбинација со ленено масло ја враќа изгубената енергија. Богат е со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото е таму за да го забави порастот на овошните шеќери од портокалот во крвотокот и на тој начин обезбедува рамномерно создавање на енергија во траење од неколку часа.

Ова не е единствената предност од користењето на оваа здрава храна. Исто така, ќе ви помогне да спречите кардиоваскуларни болести и болести на белите дробови, а неодамнешните медицински истражувања покажаа дека редовната употреба на ленено масло го намалува покачениот крвен притисок.

Нутриционистите советуваат да се користи како додаток во исхраната, но без термичка обработка, бидејќи готвењето на висока температура би ги уништило здравите масти во маслото. Затоа, додајте го во готови оброци, сосови, салати и супи.
Секојдневно можете да консумирате сок од портокал и ленено масло, а неговата подготовка е брза и едноставна.

Потребни состојки:

3 излупени портокали
1 лажица масло од ленено семе
1 дцл ладна вода

Приготвување:
Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Доколку немате блендер, рачно исцедете го сокот од портокал, додадете масло и вода и добро измешајте.

Храна што ја зголемува енергијата

Ако се чувствувате уморни и летаргични, честопати се прашувате што да јадете за енергија? Одговорот може да лежи во вашите навики во исхраната, а не само во видот на храната што ја јадете.

За да имате секогаш доволно енергија, мора да јадете редовно. Тоа значи најмалку пет мали и внимателно одмерени оброци дневно. Ако се прејадете, брзо ќе почувствувате надуеност, непријатност и поспаност.

Постојат намирници кои ефикасно ќе го подигнат нивото на енергија во вашето тело, и тоа: кафеав ориз, слатки компири, банани, агруми, сушено овошје, лосос, соја, кафе, јогурт…