Понекогаш, кога ќе најдете некои намирници кои се на акција, примамливо е да ги искористите предностите на попустот за да се обезбедите со вашите омилени производи. Еве ги предлозите од нутриционисти за тоа кои производи е исплатливо да се купат во поголема количина
Нема потреба да купувате свежи производи и зачини на големо. Но, нутриционистите предлагаат да се обезбедите со некои намирници на подолго време
Понекогаш, кога ќе најдете некои намирници кои се на акција, примамливо е да ги искористите предностите на попустот за да се обезбедите со вашите омилени производи. Сепак, можеби не треба да правите нешто набрзина или да купувате без вистински план. Имено, не се наменети сите артикли за масовно купување, на пример свежите производи и зачините. Но, нутриционистите предлагаат со некои намирници да се обезбедите на подолго време.
Сув грав и леќа
Придобивките од складирањето на сув грав или леќа се трикратни, наведува Лиза Московиц, регистрирана диететичарка и извршна директорка на NY Nutrition Group. Прво, Московиц наведува дека сувата храна има многу подолг рок на траење од готвената или свежата храна. Исто така, гравот и леќата се исклучително разноврсни и одлични додатоци на широк спектар на јадења, вклучувајќи чорби и салати. На крајот, таа истакнува дека овие намирници се одличен извор на растителни протеини и други есенцијални хранливи материи.
„Купувањето грав на големо значи дека секогаш ќе имате при рака протеини, како и сигурен извор на растителни влакна, железо, магнезиум и калиум и дека сте подготвени за готвење кога и да ви затреба“, вели таа.
Протеински прав
Љубителите на фитнес и вежбање ќе бидат среќни кога ќе дознаат дека протеинскиот прав е уште еден производ што можете да го купите на големо.
„Ако користите протеински прав, знаете дека лесно се троши и дека може да биде скапо да се надополни залихата. „Тоа е одличен производ за купување на големо бидејќи има разумен рок на траење и може да помогне да се надополни здравата, урамнотежена исхрана“, вели Московиц.
Сепак, таа предупредува дека иако протеинскиот прав е брз начин да додадете повеќе аминокиселини за зачувување на мускулите во вашата исхрана, тој не треба целосно да ги замени другите протеини. Погрижете се да вклучите храна како посно говедско месо, риба, живина, јајца, цели зрна, грав и леќа во вашите неделни оброци за да останете здрави.
Замрзната живина и риба
Зборувајќи за храна богата со протеини, мора да вклучите живина и риба во вашата исхрана. Одлична вест е што можете да ги купите во големи количини, но во замрзната верзија. Московиц вели дека додека свежата риба и пилешкото имаат тенденција да бидат скапи и брзо се расипуваат, замрзнатата варијанта може да ви помогне да заштедите пари, да спречите расипување и полесно да ги задоволите дневните потреби за протеини.
Освен тоа, на овој начин не мора да размислувате дали секојдневно имате храна во замрзнувачот. Само додадете зеленчук и имате едноставен оброк.
Чиа семе
Тие се мали, но моќни, преполни со хранливи материи како омега-3, влакна и протеини. Познато е дека помагаат во подобрување на нивото на шеќер и холестерол во крвта, го поддржуваат дигестивното здравје и помагаат за поздраво срце. Поради овие причини, тие брзо станаа популарен додаток на смути, јогурти, житарки, леб и друго.
Но, еден недостаток е тоа што можат да бидат скапи. Токму таму може да помогне купувањето на големо, Московиц предлага да ги следите акциите и кога ќе најдете цена што ви одговара, купете повеќе. Чиа семето има рок на траење до една година, а уште подолго ако се чува во херметички затворен сад и во фрижидер.
Јаткасти плодови
Редовно ги јадат жителите на Сините зони, најдолговечните луѓе во светот, а оние кои секојдневно ги јадат имаат пониско ниво на холестерол, помалку воспаленија и понизок крвен притисок од оние кои не јадат толку често јаткасти плодови.
Со ова се согласува и Московиц и истакнува дека јаткастите плодови како бадеми, ф’стаци и ореви се нејзина врвна препорака за нерасиплива и ултра хранлива закуска. Сепак, таа е свесна дека се работи за скапа храна, па купувањето на големо може да биде паметен начин редовно да имате здрава ужина.
„Полни со хранливи материи, незаситени масти здрави за срцето и со растителни протеини, јаткастите плодови се закуска која може да ве држи сити со часови“, вели Ејми Гудсон, нутриционистка и авторка на The Sports Nutrition Playbook.
Замрзнато овошје и зеленчук
Сигурно сте се разочарале повеќе пати затоа што овошјето и зеленчукот ви се расипале. Овенат спанаќ, никнати компири, гнили јаболка – ова се тажните реалности со кои се соочуваат многу луѓе кога ќе донесат непромислена одлука да купат свежи производи на големо. Но, ако навистина уживате да имате овошје и зеленчук во изобилство, замрзнатото може да ги спаси вашите нерви и вашиот буџет.
„Замрзнатото овошје и зеленчук се замрзнуваат на врвот на зрелоста за да се задржат сите хранливи материи“, вели Гудсон.
И не само тоа, замрзнатите производи можете да ги чувате во замрзнувач до шест месеци, додека свежите траат најмногу една недела. Спасете се од фрлање храна на овој едноставен начин. Можете да изберете бобинки, спанаќ, моркови, но и разни мешавини од зеленчук. Исто така, сега се достапни и замрзнати мешавини за смути во многу продавници за храна.