Направете моцарела за само половина час: Двојно поевтина од купечката (ВИДЕО)

Фото: Unsplash
1.888

Во остатокот од текстот дознајте како да направите домашна моцарела користејќи евтини состојки.

Моцарелата е познато италијанско сирење со неутрален вкус кое се користи во многу јадења, а познато е дека без неа не може да се замисли пицата, како и салатата капрезе. Во продавница неговата цена не е секогаш прифатлива, освен ако не е на акција, но доколку сте љубител на моцарела, ви предлагаме да ја направите дома користејќи евтини состојки.

Состојки:
3,7 л полномасно млеко
1,5 лажичка лимонска киселина
310 мл вода
1/2 лажичка течно сирило
1 лажица сол

Приготвување:
Истурете млеко во тенџере и ставете го на шпорет да се загрее, а во еден сад измешајте лимонска киселина и вода (250 мл). Добро измешајте и варете додека не достигнете температура од 32°C. После тоа, веднаш тргнете го млекото од шпоретот и додадете го сирилото што сте го измешале со водата. Мешајте цело време и по 25 секунди поклопете и оставете да отстои околу 5 минути. Спуштете го ножот во тавата, а потоа нежно исечете ја добиената урда по должина и ширина. Вратете на шпорет и варете додека не достигне температура од 40°C со повремено мешање. После тоа тргнете го од оган и оставете го да отстои уште 5 минути. Префрлете го сирењето во цедалка и оставете го така минута-две. Потоа добро исцедете го со рацете. Ставете ја сурутката во тенџере и посолете ја, па загрејте ја додека не достигне температура од 82°C. Прелијте го сирењето и оставете го да отстои околу 25 секунди. Ставете ракавици бидејќи сирењето е врело, па развлечете го додека не добиете изедначена смеса (погледнете го видеото). Обликувајте топчиња и чувајте ги во сад со сурутка.