Меки како облачиња: Старински крофни без јајца, млеко и масло

Фото: Unsplash
3.857

Вчера (12.јуни), почна Петровденскиот пост, што значи, идеално време е да ги подготвите вашите омилени колачи без јајца, млеко и други намирници од животинско потекло

Кога ќе дојдат деновите на постот, домаќинките се трудат да најдат начин домашните, како и обично, да уживаат во гастрономските деликатеси. Крофните се добредојдени на секоја маса, а сега ви најдовме посен рецепт кој ќе направи да се чувствувате како да сте се вратиле во детството.

Честопати е потребно многу време за да се подготват крофни, но секој труд вреди. Поросени со шеќер во прав, наполнети со џем или крем, какви и да се, идеални се за секоја пригода и во секое време од денот.

Еве како да ги направите највкусните посни крофни по рецепт на нашите баби.

Состојки:

250 мл млака вода
40 гр свеж квасец
половина кг брашно
50 гр маргарин
2 лажици шеќер
шеќер во прав
2 ванилин шеќер

Приготвување:

Земете пластичен сад во кој ќе ги подготвувате крофните, а потоа ставете во него млака вода и една лажичка шеќер. Потоа додадете го издробениот квасец и една лажица брашно и промешајте за брзо да се раствори квасецот. Кога е готово се додаваат брашното, стопениот маргарин и шеќерот.

Тестото се замесува со рака да биде меко, не смее да биде тврда смеса.

Оставете го на топло место околу 20 минути да нарасне, а кога речиси ќе се удвои, истурете го на набрашнета работна површина.

Расукајте со сукало и со чаша вадете кругови, крофни, па наредете ги врз хартија за печење и печете во рерна околу 15 минути на 220 степени.

Откако ќе се испечат, поросете ги со шеќер во прав или наполнете ги со џем.