Направете сами здрав напиток што брзо го зголемува нивото на магнезиум во вашето тело

Фото: Freepik
331

Препорачаниот дневен внес на овој минерал за жени е 320 мг на ден, бремените жени би требало да го внесуваат и повеќе, а за мажите оваа бројка се искачува до 400 мг.

Се будите со посилно чукање на срцето и отежнато дишење, а не е реткост и да ве фати грч во мускулите?

Честопати имате пречки во варењето и сте во лошо расположение, дури и депресивни?

Ве мачат замор и слабост, а сепак спиете лошо?

Сите овие се знаци што можат да укажат на недостаток на магнезиум, еден од најважните минерали што е одговорен за повеќе од 300 ензимски процеси и хемиски реакции во нашето тело.

На секој орган во нашето тело му е потребен магнезиум, кој помага во регулирање на калиум, калциум, бакар и цинк.

Овој минерал, меѓу другото, влијае на нивото на енергија, како и на нивото на шеќер во крвта и здравјето на коските.

Исто така е клучен за оптимална функција на мускулите, како и за здравјето на нервниот систем, така што е исклучително важно да се обрне внимание на неговиот доволен внес.

Препорачаниот дневен внес на овој минерал за жени е 320 мг на ден, бремените жени би требало да го внесуваат и повеќе, а за мажите оваа бројка се искачува до 400 мг.

Напиток од 4 состојки богат со магнезиум

Добрата вест е дека можете сами да подготвите свеж пијалак што во моментот ќе го подигне нивото на магнезиум во вашето тело.

Содржи четири клучни состојки – портокал, ленено семе, семки од тиква и млеко од бадем (можете сами да го направите).

Благодарение на овој пијалак, непријатните симптоми како што се грчеви и чукање на срцето ќе исчезнат, ќе се чувствувате убаво и енергично, а вашето расположение ќе се подобри значително.

Богатство на хранливи материи во една чаша

Покрај тоа што е богат со витамин Ц, портокалот може да се пофали со изобилство на калиум и магнезиум.

Една чаша свежо исцеден сок од портокал содржи 27 мг магнезиум.

Лененото семе е богато со растворливи и нерастворливи влакна, магнезиум, железо, бакар, фосфор, тиамин, омега-3, омега-6 и омега-9 масни киселини.

Бадемовото млеко е одличен извор не само на магнезиум (30 г бадеми содржат околу 75 мг магнезиум), туку и ниацин, витамин Е и здрави мононезаситени масти.

Бидејќи 30 г семки од тиква содржат 75 мг магнезиум, овие здрави закуски треба да се најдат во вашето дневно мени.

Покрај магнезиумот, тие можат да се пофалат и со калиум, железо, витамини од Б-комплекс и омега-3 масни киселини.

Рецепт

Состојки:

1 портокал
2 лажици свежо мелено ленено семе
200 мл млеко од бадем
25 г семки од тиква

Приготвување:

Ставете го лененото семе и семките од тиква и исечен портокал во блендер и додадете го млекото од бадем. Мешајте до 30 секунди и оставете да отстои неколку минути.

Консумирајте го овој здрав пијалак наутро за да се снабдите со потребната енергија и да го подигнете расположението.

Можете сами да направите млеко од бадем.

За 2 чаши од ова растително млеко ќе ви требаат околу половина чаша (65 г) бадеми.

Потопете ги бадемите во вода преку ноќ. Исцедете ги следниот ден и ставете ги во блендер, додадете 2 чаши вода и мешајте додека не добиете малку кремаста текстура.

Потоа, исцедете го пијалакот низ густа газа.

Како уште да се зголеми внесот на магнезиум?

За трајно решавање на проблемот со недостаток на магнезиум во вашето тело, не заборавајте да го зголемите внесот на храна со магнезиум.

Таа вклучува интегрални житарки и мешунки, авокадо, банана, лиснат зеленчук, јатки и семиња, темно чоколадо, артичоки, тиква, цвекло, квиноа, спанаќ, домати, суви урми, суви сливи и суво грозје.