Доколку во текот на зимата претеравте со мрсна и зачинета храна и избегнувавте свеж зеленчук и овошје, сега е вистинско време за детоксикација.
Одличен прилог или дури и самостоен оброк, ако сакате полесна храна, е оваа салата од цвекло и уште неколку состојки.
Состојки:
свежо цвекло со средна големина
два свежи моркови
4 чешниња лук, ситно сецкани
свежа рукола
сок од половина лимон
малку морска сол
малку ладно цедено маслиново масло
Приготвување:
Цвеклото, морковот и руколата добро измијте ги и излупете ги.
Цвеклото и морковот се рендаат, се додава ситно сечканиот лук и ситно сечканата рукола. Исцедете половина лимон и додадете морска сол и маслиново масло. Ќе забележите дека бојата на морковите потемнува поради присуството на цвеклото, но тоа е сосема нормално. Добро измешајте ги сите состојки.
Послужете свежо подготвена салата.