Народен лек за висок притисок

Фото: Freepik
339

Доколку не се контролира и остане на горната граница долго време, високиот крвен притисок го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. За среќа, постојат голем број намирници кои можат да ви помогнат да ја добиете битката против покачениот притисок. Овојпат ви нудиме три рецепти

Ако страдате од покачен крвен притисок сигурно знаете дека не смеете да си дозволите да не го третирате. Имено, третманот на хипертензија бара упорност и редовна консултација со лекар бидејќи, доколку не се контролира и остане на горната граница долго време, тој го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Се препорачува секојдневно мерење на крвниот притисок и употреба на некои природни лекови, но само со одобрение од лекар, особено ако веќе земате лекови како редовен дел од терапијата.

За среќа, постојат голем број намирници кои можат да ви помогнат да ја добиете битката против покачениот притисок. Овојпат ви нудиме три рецепти.

Мед со цимет
Лесната хипертензија успешно се лекува со мед и цимет, а идеална е и за слабеење. Измешајте 500 грама ливадски мед и 250 грама цимет во прав, а потоа земајте една лажичка од оваа смеса три пати на ден и консумирајте ја 30 минути пред оброците. Потоа направете тримесечна пауза и повторете ја постапката.

Лук
Лукот ги штити крвните зрнца и вените од воспалителни и оксидативни процеси, па затоа игра важна улога за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Оштетувањето на вените е еден од клучните фактори што го зголемува ризикот од срцев удар, атеросклероза и мозочно крварење.

Рецепт за народен лек за покачен крвен притисок од лук и лимон, ќе најдете ТУКА.

Ленено семе, јаболко, кромид и маслиново масло
Во електрична мелница сомелете 100 грама ленено семе и ставете го во соодветен сад. Сè се вари со топла вода, а потоа затворете го садот и оставете да отстои цела ноќ. Следниот ден изрендајте едно јаболко, изгмечете едно чешне лук и 1 дл маслиново масло и сè убаво измешајте. Земете една лажица од смесата три пати на ден, 30 минути по главните оброци.