Зеленчук за секој ден: Едноставни идеи за вкусни оброци кои носат шаренило во чинијата

Фото: Pexels
767

Има многу зеленчуци кои можете да ги купите за секогаш да имате материјал за највкусните јадења. Што е најдобро од сѐ? Не се скапи и имаат долг рок на траење…

Постојат зеленчуци без кои не можеме да замислиме ниту едно јадење. На пример, речиси во сѐ ставаме кромид и моркови, нели? Тие се незаменливи состојки и ќе го подобрат вкусот на бројните супи, салати, чорби и сосови. Што е најдобро од сѐ? Не се скапи и имаат долг рок на траење, а исто така, наместо само како состојки во јадењата, можат да станат и вашето главно јадење.

Освен овие два зеленчуци, има и други кои е добро да ги имаме дома во секое време.

Колку пати ви се случило да не го потрошите целиот зеленчук што сте го купиле во едно јадење и подоцна да жалите за она што се расипало? Ви носиме практични совети кои го олеснуваат чувањето на вашиот омилен зимски зеленчук свеж во фрижидер, а ви предлагаме и јадења во кои ќе го јадете со сласт.

Кромид
Речиси и да нема јадење без свеж кромид. Тој е незаменлива состојка и ќе го подобри вкусот на бројните супи, салати, тестенини, чорби и сосови. Најдобро од сѐ е што не е скап и има долг рок на траење. Чувајте го на ладно, темно место во мрежа и ќе остане свеж месец или повеќе. Освен како додаток во секој манџа, од кромидот можете да направите крем супа, а можете да го јадете и како свежа салата, со маслинов зејтин, оцет, сол и пипер.

Потребни состојки:

1 кг кромид

3 чешниња лук

50 гр путер

сол и пипер

1 лажица брашно

50 мл црвено вино

1 литар вода

Ловоров лист

Препечен леб со кашкавал.

Приготвување:

Кромидот се динста на путер додека не стане стаклест, а потоа се зачинува, се додава лукот и една лажица брашно. Промешајте и кога ќе започне да се лепи на дното, додадете го виното. Повторно мешајте, додадете ловоров лист и вода и уште малку зачини по вкус.

Препечете го лебот во кој сте додале и малку кашкавал или некое масно сирење.

При сервирање на супата во чинија, додајте го и парчето препечен леб.

Зелка
Завиткана во пластична фолија и ставена во фрижидер, зелката ќе остане свежа повеќе од еден месец. Оваа нискокалорична храна е богата со витамини А и Ц, калиум и калциум и дефинитивно вреди да се вклучи што почесто на менито. Доколку е можно, јадете ја зелката сирова. Користете ја за да подготвите фини салати или испржете ја и додадете ја во тестенини.

Моркови
Иако се богати со влакна и витамин Ц, најважното нешто што го имаат морковите е бета-каротинот. Според истражувањата, морковите се најважниот извор на бета-каротин, а штом нашето тело ќе консумира бета-каротин, го претвора во витамин А, кој е исклучително важен за имунолошкиот систем, но им помага и на срцето, бубрезите и белите дробови да работат правилно. Благодарение на изобилството на каротеноиди, морковите се одлични за заштита на оштетувањата на клетките предизвикани од слободните радикали бидејќи го забавуваат стареењето на клетките. Нуди и заштита од воспаленија на организмот.

Може да се најдат во продавниците во текот на целата година, а со соодветно складирање ќе трае неколку недели. Важно е да ја отстраните влагата од морковите со хартиени салфети пред да ги ставите во фрижидер. Додадете ги во вашите омилени супи, чорби и салати или јадете ги сами како здрава ужина или како свежа салата, изрендани и зачинети со малку лук, сол, маслиново масло, сок од лимон и магдонос.

Целер
Многу хранлива намирница која го намалува крвниот притисок и го намалува нивото на хормонот на стрес (кортизол) во организмот. Стебленцата и главите целер ќе останат свежи во фрижидер неколку недели, а ќе ви помогнат да ароматизирате многу супи, чорби и сосови. Ренданата и свежа главица целер особено добро оди со јаболка. Изрендајте ги заедно и подгответе вкусна салата.

Тиква
Тиквите се вистински мали богатства на хранливи материи – богати се со витамини А, Ц, Е и К, како и оние од групата Б, имаат многу калиум, калциум и железо, но и диетални влакна. Благодарение на нивната дебела кора, тие имаат долг рок на траење. Некои видови тикви ќе траат до три месеци без да се чуваат во фрижидер. Најлесен начин за подготовка: исчистете ги од семките, исечете ги на помали парчиња и испечете ги или пропржете ги со малку маслиново масло, сол, пипер и ким. Послужете како прилог или додадете во салата.