Нашиот омилен зеленчук е полн со пестициди: Кој е најдобриот начин да го исчистите

Фото: Pexels
11.206

Експертите препорачуваат да се избегнува конзумирање на коренот, како и отстранување на надворешните листови на зелката бидејќи може да содржат повеќе нитрати.

Зелката е зеленчук кој се цени поради својата разновидност, вкус и хранлива вредност. Популарен е во многу кујни низ светот поради неговата приспособливост во различни јадења. Покрај тоа што е вкусна, зелката е и исклучително здрава. Таа е богата со витамини, минерали и антиоксиданти кои можат да обезбедат голем број здравствени придобивки, вклучително и зајакнување на имунолошкиот систем, подобрување на варењето и намалување на воспалението.

Зелката може да се користи на различни начини – свежа во салати, кисела како прилог, варена во супи и чорби или печена во разни јадења. Без разлика на начинот на подготовка, зелката е секогаш добар избор за здрава и вкусна исхрана.

Пролетната сезона на пазарите ги донесе првите главици млада зелка, идеални за салати и бројни јадења. Сепак, важно е да се внимава при изборот на овој зеленчук.

Еве на што да внимавате
Нитратите се хемикалии кои често се додаваат во овошјето и зеленчукот за да се поттикне побрз раст. Но, проблемот настанува кога овие хемикалии се акумулираат прекумерно во храната, што може да биде штетно за здравјето. Кај младата зелка, нитратите најмногу се концентрирани во корените и надворешните листови, додека тие обично се помалку застапени во средината на главицата.

Затоа, експертите препорачуваат да се избегнува конзумирање на коренот, како и отстранување на надворешните листови бидејќи може да содржат повеќе нитрати.

Според препораките на Светската здравствена организација, безбедното внесување на нитрати е до 5 мг на килограм телесна тежина дневно. Тоа значи дека за лице со тежина од 60 кг не би требало да претставува проблем внесот до 300 мг нитрати дневно. Сепак, важно е да се биде внимателен и да се избегнуваат прекумерни количини.

При изборот на зелка, треба да обрнете внимание на нејзината свежина, мирис и изглед. Зеленчукот треба да мириса карактеристично, како зелка, а надворешните листови треба да бидат неоштетени и свежи, без знаци на сушење или оштетување. Важно е да изберете овошје и зеленчук кои не биле третирани со хемикалии за поттикнување на растот.