Научниците открија кој зеленчук е најздрав: Ќе се изненадите за која намирница станува збор и колку е евтина

Фото: Unsplash
337

Прва на листата е поточарката, а потоа следуваат спанаќот, брокулата, магдоносот, тиквата и зелената салата. Истражувачите анализирале 47 овошја и зеленчуци врз основа на нивната содржина на протеини, влакна, калциум, железо, калиум, тиамин и рибофлавин.

Според новото истражување, поточарката е официјално најздравата намирница во светот. Лиснатите зеленчуци, кои чинат околу едно евро или малку повеќе во супермаркетите, добиле целосни оценки на тестот за 17 различни критични хранливи материи.

Други високо рангирани намирници се спанаќот, брокулата, магдоносот, тиквата и зелената салата. Истражувачите анализирале 47 овошја и зеленчуци врз основа на нивната содржина на протеини, влакна, калциум, железо, калиум, тиамин и рибофлавин.

Исто така, ги разгледале ниацинот, фолатите, цинкот и витамините А, Б6, Б12, Ц, Д, Е и К. Сите прехранбени производи, освен шест, малини, мандарини, брусница, лук, кромид и боровинки, ги задоволувале критериумите за „powerhous“, што значи дека обезбедуваат 10 проценти или повеќе од дневната вредност на 100 калории.

Што е храна од повисок ранг?

„Храната од повисок ранг дава повеќе хранливи материи по калорија“, вели авторката на студијата Џенифер Ди Ноја, вонреден професор по социологија на Универзитетот Вилијам Патерсон во Вејн, Њу Џерси, пишува The Sun.

Поточарката е победник, добивајќи совршени 100/100. По неа следуваат кинеска зелка (91,99), блитва (89,27), цвекло (87,08), спанаќ (86,43) и радич (73,36).

Најмногу оценети плодови се црвена пиперка (41,26), тиква (33,82), домат (20,37), лимон (18,72) и јагода (17,59). Овошје со најмалку хранливи материи е грејпфрутот со оценка 10,47, додека зеленчук со најниска оценка е слаткиот компир со оценка 10,51.


Одличен извор на калциум, калиум, магнезиум и витамин К
Студијата е објавена во списанието Centres for Disease Control and Prevention, Preventing Chronic Disease. Претходните истражувања ја поврзуваа поточарката со доброто здравје на очите и органите поради неговата содржина на витамин А.
Исто така, се вели дека го поддржува имунолошкиот систем бидејќи содржи високо ниво на витамин Ц. А поточарката е одличен извор на калциум, калиум, магнезиум и витамин К – сите тие се добри за здрави коски и заштита од остеопороза.

Други студии покажуваат дека антиоксидантите во зеленчукот може да помогнат да се намали ризикот од рак, дијабетес и срцеви заболувања. Научниците во Шкотска, на пример, открија дека фитохемикалиите ги штитат здравите клетки од оштетување и го блокираат растот и ширењето на туморите.