Благодарение на брзиот транспорт и новите системи за складирање, свежото овошје и зеленчук може да се купат во текот на целата година. Но, тоа не значи дека треба да јадете се што ќе најдете на полиците во продавниците
Колку повеќе време поминува од берењето на производот до неговото консумирање, толку помалку хранливи материи има плодот“, вели Елизабет Сомер, автор на книгата Eat Your Way to Happiness. Токму затоа нашата исхрана треба да ја засноваме на свежи намирници од нашаа околина, а да ги избегнуваме оние кои не се „во сезона“.
Еве неколку намирници кои во овој период од годината не е препорачливо да ги јадете
Шпароги
Тие кај нас секако не се многу популарни, но сепак, ако вие имате навика повремено да ги купувате, тоа не го правете сега, иако може да се најде во продавниците речиси цела година, туку е најдобро да ги консумирате во пролет кога врвовите се цврсти и вкусни. Зимските шпароги доаѓаат од земјите од Латинска Америка и се многу „дрвенести“ и невкусни.
Наместо нив, изберете:
Прокељот е полн со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и витамин К кој ги зајакнува коските. Најдобро е да го комбинирате со домашна сланина.
Праски
Летото е главната сезона за праските, кои се најсочни и најслатки. По август, тешко е да се најдат во продавниците. Ако сè уште го гледате ова „влакнесто“ овошје на полиците на продавниците, веројатно доаѓа од Јужна Америка.
Наместо тоа, изберете:
Цитрусните овошја како портокалите, кои се полни со слатко-кисел сок и други витамини и минерали кои го штитат организмот од сезонски настинки и грип.
Свеж грашок
Слаткиот и податлив грашок е пролетно уживање и се смета за еден од најчистите зеленчуци на пазарот. Ако наидете на грашок во зимските месеци, плодовите ќе бидат побрашнени и со малку вкус.
Наместо тоа, изберете:
Замрзнат грашок од градите, кој е набран и замрзнат во екот на сезоната и има вкус кој е најблиску до „вистинскиот“.
Кочан пченка
Јадењето варена или печена пченка е подобро од грицкање чипс. Но, свежите кочани во зимските месеци се далеку од оние летни плодови полни со слатки и меки зрна.
Наместо тоа, изберете:
Замрзнатите производи како слатката пченка се поздрава алтернатива на свежата во зимските месеци. Така нема да можете да грицкате кочан, но сепак ќе добиете важни извори на лутеин со консумирање на зрната.
Јагоди
Ако наидете на јагоди во текот на зимата, тоа е производ кој половина лето и цела есен е во ладилник. Таквите бобинки немаат вкус и мирис на јагоди, а хранливите материи исчезнале при долготрајното складирање.
Наместо тоа, изберете:
Замрзнатите шумски плодови се собираат во текот на нивната максимална сочност, а одлично се комбинираат при подготовка на печени десерти како пити.
Домати
На крајот на летото доматите даваат максимален вкус, сочност и арома. Но, ако после тоа се во фрижидер неколку месеци, бидете сигурни дека плодовите ја изгубиле свежината и вкусот и количината на ликопен.
Наместо тоа, изберете:
Свежото е секогаш најдобро, но во зимските месеци, конзервираните домати и пасираните домати ќе функционираат одлично и за подготовка на супи, чорби и сосови. Доколку имате можност, изберете тегли со органски одгледани плодови и без конзерванси.
Боровинки
Не само што боровинките се екстремно скапи во зимските месеци, туку им недостига витамин Ц и почесто се подложни на скапување.
Наместо тоа, изберете:
Замрзнатите боровинки се здрави како и свежите, а содржат речиси иста количина на антиоксиданти.