Не се препорачува чување на оваа храна во фрижидер

Фото: Pexels
288

Високите надворешни температури не тераат да мислиме дека се треба да се чува во фрижидер. Но, тоа не е вистина. Нa некои намирници ладното и влагата всушност им штетат.

Поголемиот дел од храната треба да се чува во фрижидер за да трае подолго, особено во лето. За месото, јајцата и млечните производи тоа воопшто не е спорно, дури е опасно да се чуваат надвор поради развој на бактерии, но има многу други намирници на кои не им е место во фрижидерот. Некои едноставно не треба да стојат во фрижидер, а некои дури и не е препорачливо да се чуваат на тој начин.

Банани
Ова овошје подобро ги зачувува своите хранливи материи кога не е на ладно. Кога ќе размислите, сте ги купиле и во продавница од полица, не од фрижидер. Ниските температури го забавуваат процесот на зреење, но не ја сакаат влажноста, поради што брзо поцрнуваат.

Краставици
Краставиците побрзо ќе станат воденести и без вкус кога се во фрижидер. Подобро да ги оставите во оставата, која е сепак неколку степени поладна од станот кој се загрева на сонце.

Босилек
Многу е чувствителен и не сака темнина, па ќе овене во фрижидер. Истото важи и за магдоносот и коријандерот, кои се нежни. Искинете им ги врвовите и ставете ги во сад исполнет со 2 см вода. Оставете ги на масата во кујната. Посилните билки како мајчина душица или рузмарин може да се чуваат во пластични кеси во најтоплиот дел од фрижидерот (вратата).

Моркови
Морковите треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина на место со мала влажност, а не во фрижидер. Ако ги чувате така, побрзо ќе скапе.

Сенф и кечап
Богати се со оцет, зачини, а сенфот и со природна киселина, па можат долго да стојат на полица. Нема да им се случи ништо во фрижидерот, но не е неопходно да се чуваат ладни. Особено кечапот, кој исто така е полн и со конзерванси.

Јаболки
Јаболките може да стојат долго на собна температура, тогаш ензимите што ги содржат се поактивни, па јаболката стануваат похранливи. Познато е дека другите овошја побрзо созреваат кога се чуваат заедно со нив, па затоа не е добро да се чуваат измешани.

Домати
Ако ги чувате доматите во фрижидер, тие брзо ќе го изгубат вкусот, текстурата и хранливите материи. Ќе забележите и дека може да имаат кисел вкус кога ќе се изладат.

Лук
Во фрижидерот ќе стане гумен и ќе почне да никнува. Оставете го на полицата во оставата, а можете и да го излупите и да го замрзнете.