НЕ СЕ ЗДРАВИ ЗА СИТЕ: Кој не треба да јаде сардини?

Фото: Pixabay
445

Покрај многуте здравствени придобивки, сардините во свежа или конзервирана форма не се вид риба што се препорачува за сите луѓе. Пациентите кои страдаат од висок крвен притисок, гихт, камења во бубрезите треба да избегнуваат конзумирање на сардини.

Нутриционистите нагласуваат колку сардините се корисни за здравјето и дека би било добро да ги имате на трпеза барем два пати неделно.

Сардините се преполни со важни хранливи материи, што ги прави врвен извор на храна, според Американското здружение за срце и кардиоваскуларни болести.
Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се многу моќни чувари на здравјето. Доколку се консумираат редовно, можат да придонесат за подобрување на целиот организам.

Една порција сардина од околу 75 грама содржи приближно:

191 калории
22,7 грама протеини
10,5 грама масти
8,2 микрограми витамин Б12
48,5 микрограми селен
250 единици витамин Д
451 милиграм фосфор
351 милиграми калциум
4,8 милиграми ниацин
2,7 милиграми железо
365 милиграми калиум
35,9 милиграми магнезиум
0,2 милиграми бакар
1,9 милиграми витамин Е
0,2 милиграми витамин Б6
1,2 милиграми цинк

Позитивни ефекти врз здравјето
Тие се богати со Омега 3 масни киселини.
Сардините се еден од најдобрите природни извори на есенцијални омега-3 масни киселини во светот. Тие исто така содржат EPA и DHA, два вида есенцијални масни киселини кои телото ги користи за да го намали воспалението, што резултира со подобрување на здравјето, подобра функција на мозокот и помал ризик од хронични болести.
Истражувањата покажуваат дека јадењето храна како сардина која е богата со омега-3 масни киселини може да помогне во лекувањето на нарушувања на расположението како депресија и анксиозност.

Кој не треба да ги јаде?
Сепак, покрај многуте здравствени придобивки, сардините во свежа или конзервирана форма не се вид риба што се препорачува за сите луѓе. Пациентите кои страдаат од висок крвен притисок, гихт, камења во бубрезите треба да избегнуваат конзумирање.

Особено конзервираните сардини содржат големи количини натриум, што не се препорачува за лица со висок крвен притисок.

Висок притисок
Сардините се богати со натриум. Една лименка обезбедува околу една третина од вашата дневна вредност, па ако имате висок крвен притисок треба да го ограничите внесот на натриум бидејќи привлекува вода и ја зголемува количината на крв во телото.

Ако сакате да ја намалите количината на сол, сепак можете да уживате во сардините со намалување на големината на порцијата на половина.

Гихт
Најдобрата диета за гихт е онаа која содржи малку пурини, хемикалија која се разградува во мокрачната киселина.
Кога имате гихт, мокрачната киселина во вашето тело кристализира во зглобовите, предизвикувајќи болки во зглобовите. Масните риби како сардините и инчуните се богати со пурини, па ако имате гихт, треба да најдете други начини за да ги искористите придобивките од јадењето риба. Можете да пиете додатоци од рибино масло или да јадете бакалар.

Камен во бубрегот
Истата мокрачна киселина која предизвикува гихт може да доведе и до камења во бубрезите.

Бидејќи сардините содржат пурини, кои се разградуваат во мокрачната киселина, тие не се добар избор за оние кои се изложени на ризик од камења во бубрезите. Високата содржина на натриум во сардините може да го зголеми и калциумот во урината, што е уште еден фактор на ризик за камења во бубрезите.