Нема лаги и измами: Скопјанец произведува комбуха на истиот начин веќе три децении, за своја душа и со многу љубов

1.542

Во Јапонија се одгледува и се пие повеќе од 2.200 години и била строго чувана тајна на јапонскиот царски двор. Потоа за неа дознале Русите кои ги истражувале нејзините здравствени придобивки. Ние го имаме Стефан Живанов, човекот кој ја прави на истиот начин цели триесет години: ферментирана натенане, во строго контролирани услови и со врвен квалитет, без лаги и измами, баш онака, како што ја правел и кога почнал, заради своето здравје и за своја душа!

Приказната за комбухата е стара и долга, а најдобар раскажувач на истата е скопјанецот Стефан Живанов, кој ја прави на истиот начин цели триесет години: ферментирана натенане, во строго контролирани услови и со врвен квалитет, без лаги и измами, баш онака, како што ја правел и кога почнал, заради своето здравје и за своја душа!

Станува збор за пијалакот што се прави од јапонска чајна габа која живее и ферментира во хранлив раствор од квалитетен зелен чај и шеќер.

„При ферментацијата оваа чајна габа создава млечна и глукоронска киселина, витамини Ц и Б, аминокиселини и антибиотски состојки со лековито дејство. Ја прочистува крвта и го регенерира црниот дроб, а бидејќи се разболев од хепатит Б од кој најмногу страда токму црниот дроб, мојата колешка од фирмата во која работев тогаш (Интеримпекс), која беше врвен технолог и ценет стручњак, ми ја подари комбухата и ме упати во тоа како да го подготвувам овој пијалак. Тоа беше пред речиси триесет години, а јас сѐ уште ја правам. Имено, откако самиот ја правев и редовно ја консумирав цели 2-3 години, продолжив да ја правам и откако се излекував и ја произведувам и ја пијам до ден денеска. Поради неа не ги чувствувам годините, постојано сум во движење, полн сум со енергија и со елан иако сум во седмата деценија од животот“, раскажува нашиот соговорник Живанов.

Пијалакот содржи глукоронска киселина до 2,5 мл во 1 литар Комбуха. Станува збор за состојка која во нашиот организам ја произведува црниот дроб за да ја прочисти крвта. Таа го носи епитетот на „главен чистач” на отровите кои се појавуваат во процесот на метаболизмот во човечкиот организам, како и на штетните материи кои се внесуваат од надворешната средина преку храната, воздухот, водата и друго. Здравствените придобивки од чајот од комбуха се движат од подобрено варење, детоксикација, намалување на болката од артритис, до намалување на нивото на холестерол. Комбухата помага и во обновување на цревата и помага при чир на желудникот. Комбухата исто така е богата со антиоксиданти, има антимикробни својства и помага во лекувањето на ракот и дијабетесот и придонесува за зачувување на клеточното здравје и посилен имунолошки систем на телото.
Оваа чудесна медицинска печурка е ценета поради својот уникатен, освежителен вкус и импресивната низа лековити придобивки, иако, всушност нема никаква врска со печурките, туку станува збор за специфична бактериска колонија, која апсолутно наликува на печурки по својот изглед. Во Кина и во Јапонија ја нарекуваат пијалак за долговечност и добро здравје.

Живанов го прави својот пијалак со сертифициран зелен чај, по јапонски традиционален рецепт и со многу љубов.

„Комбуха Живанов се прави со филтрирана вода и тоа низ 7 филтри за вода, а последниот филтер е со реверзна осмоза каква што употребуваат и астронаутите кои имаат ограничени ресурси во вселената. Употребувам квалитетен сертифициран зелен чај, ја ферментирам во специјални садови во посебна просторија наменета за ферментација со контролирана температура и посебен филтер за контрола на влажноста на воздухот. И се разбира, ја правам како за своја душа, со љубов, ја пијам јас, но и моите најблиски, а истата со ист квалитет и ја продавам. Најдобро е да се пие трипати на ден по 100 до 130 милилитри наутро, на гладно, потоа со ручек или после ручек и навечер, барем час до час и половина пред спиење (бидејќи делува како диуретик). Се пие редовно 45 дена, па се прави пауза од 4-5 дена и повторно се продолжува со пиење, како што се вели на јапонскиот царски двор, во следните 100 години“, објаснува Стефан.

Освен пијалак, тој прави и оцет од комбуха кој се прави со продолжена ферментација на комбухата, а се користи како и секој друг оцет, за зачинување на салати, но и како облога за намалување на температурата, облози за зглобови при реума итн.

Со истиот жар со кој зборува за своето производство и за ефектите од консумирањето на комбухата, Живанов ја раскажува и приказната за оваа јапонска чајна габа.

„Во Јапонија се одгледува и се пие повеќе од 2.200 години и била строго чувана тајна за долговечност на јапонскиот царски двор. Обичните смртници не смееле да ја пијат, па слугите кои ќе се осмелеле да ја пробаат комбухата, биле погубувани. Во руско-јапонската војна, кога Русите заробувале јапонски војници со повисок чин, наоѓале кај нив Комбуха и така знаењето за овој пијалак се пренело и во Русија. Во првата половина на 20 век, во Русија и Германија биле спроведени опсежни истражувања на тема комбуха и нејзиниот ефект врз здравјето, особено во потрагата по лек за зголемената инциденца на рак. Руските научници го испитувале нивниот регион каде се користел пијалак од комбуха наречен „чаен квасец“. Излегува дека овие жители се многу имуни на рак. Ова довело до нови хипотези во врска со корисноста на печурката комбуха. Имено, поради високата концентрација на полифеноли и други антиоксиданти, комбухата може да помогне и во спречување на растот и ширењето на канцерогените клетки, така што луѓето кои редовно ја пијат имаат помал ризик од развој на различни видови на рак.
Комбухата го зајакнува имунолошкиот систем и го регулира крвниот притисок, го намалува шеќерот во крвта, холестеролот и триглицеридите. Благодарение на руските и германските студии, информациите за употребата на комбухата дојдоа на Запад и нејзината популарност расте сѐ повеќе и повеќе“, завршува Живанов кој иако е веќе пензионер, нема намера да се откаже од правењето и пиењето на овој пијалак за чии здравствени придобивки неуморно зборува веќе три децении.