Неверојатно миризливи бомбици од кокос

Фото: Pexels
149

Овие бомбици со кокос и кекси се и многу брзи и лесни. Можете да ги направите за 10 минути, побргу отколку што ќе ви треба за да одите да купите нешто слатко

Љубителите на кокос дефинитивно треба да го пробаат овој едноставен рецепт за неодоливи слатки бомбици. Направете вкусни слатки колачиња со само четири состојки!

Состојки:

240 гр бисквити
250 гр крем сирење
50 гр шеќер во прав
200 гр кокосово брашно

Приготвување:

Смелете ги бисквитите и измешајте ги со крем сирењето и шеќерот во прав. Поросете со кокосово брашно и обликувајте топчиња. Загрејте ја рерната на 180 °C и печете ги 8-10 минути.