Невролозите тврдат дека ова е најдоброто сирење за здравјето на мозокот

Фото: Pexels
322

Некои намирници се познати како најдобра храна за мозокот, како на пример, лососот, зелениот лиснат зеленчук и бобинките. Меѓутоа, постојат неколку намирници за кои се знае дека се штетни за здравјето на мозокот. Но, кога станува збор за сирењето, одговорот е помалку јасен.

Неврологот д-р Мил Етјен истакнува дека научните студии за тоа како конзумирањето сирење влијае на здравјето на мозокот имаат различни резултати.

„Тоа е затоа што учесниците во студиите се прашувани за консумирање на какво било сирење, а не за одреден вид“, вели д-р Етјен за „Parade“.

Сепак, тој додава дека студијата од 2023 година покажала конкретни резултати и ги поврзала фета сирењето и чедарот со подобра меморија и когнитивна функција.

„При изборот на сирење, размислете за опција која е пониска со заситени масти“, советува д-р Етјен.

Тој објаснува дека е тоа затоа што постои врска помеѓу исхраната богата со заситени масти и поголем ризик од деменција.

„Различни преработени и поединечно пакувани сирења и сирни намази може да содржат диацетил, кој се користи за ароматизација и може да доведе до губење на меморијата и цереброваскуларни заболувања“, предупредува неврохирургот д-р Беци Гранч.

Конјугираната линолна киселина во сирењето може да ја подобри когнитивната функција

Имајќи го сето ова на ум, експертите открија кое сирење редовно да го консумирате за здравјето на мозокот.

Д-р Гранч објаснува дека сака да јаде минимално обработен чедар.

„Уживам во тоа сирење затоа што е подобро за мозокот затоа што содржи конјугирана линолна киселина, која може да го намали воспалението и да ја подобри когнитивната функција“, додава таа.
Бидејќи ултра-обработената храна, вклучително и сирењето, е поврзана со негативни ефекти врз здравјето на мозокот и двајцата лекари велат дека се одлучуваат за сирења што се минимално обработени.
Кога јадеме сирење, д-р Етјен не советува да внимаваме како се чувствуваме и дали тоа негативно влијае на нашето варење.

„Сѐ повеќе учиме за поврзаноста на мозокот и цревата, па верувам дека треба да ги слушаме нашите тела.

„Ако имате проблеми со варењето кога јадете сирење, претпоставувам дека тоа би можело да биде проблематично и за вашиот мозок“, додава таа и заклучува дека ако храната има негативен ефект врз нашите црева, многу веројатно има негативно влијание и на нашиот мозок.