Нова студија го поврзува еритролот со срцев и мозочен удар: Го користат дијабетичарите и оние кои сакаат да ослабат, а новата студија

Фото: Freepik
365

Замената за шеќер позната како еритритол е поврзана со нарушување на згрутчувањето на крвта, мозочен удар, срцев удар и смрт

Според новата студија објавена од Cи-Ен-Ен, замената за шеќер позната како „еритритол“ е поврзана со нарушувањето на згрутчување на крвта, мозочен удар, срцев удар и смрт.

„Степенот на ризик не беше мал“, вели водечкиот автор на студијата, д-р Стенли Хејзен, директор на Центарот за кардиоваскуларна дијагноза и превенција при Cleveland Clinic Lerner Research Institute.

Луѓето кои веќе имаат фактори на ризик за срцеви заболувања, како што е дијабетесот, имале двојно поголема веројатност да доживеат срцев удар или мозочен удар доколку имале највисоки нивоа на еритритол во крвта, според студијата објавена во списанието Nature Medicine.

Хејзен објаснил:

Ако вашето ниво на еритритол во крвта е во горните 25% во споредба со најниските 25%, ризикот од срцев и мозочен удар е околу двојно поголем. Ова е на исто ниво со најсилните фактори на срцев ризик, како што е дијабетесот.

Лекарите повикуваат на претпазливост
Дополнителни лабораториски студии и студии на животни откриле дека еритритолот може да предизвика побрзо згрутчување на крвта. Згрутчувањето може да се откине и да патува до срцето, предизвикувајќи срцев удар или до мозокот, предизвикувајќи мозочен удар.

„Тоа секако звучи алармантно“, вели д-р Ендрју Фримен, директор за кардиоваскуларна превенција во болницата National Jewish Health во Денвер, кој не бил вклучен во истражувањето, додавајќи:

Се чини дека постои ризик од нарушувања на коагулацијата поради употребата на еритритол. Очигледно, потребни се повеќе истражувања, но со многу претпазливост, можеби има смисла засега да се ограничи еритритолот во вашата исхрана.
Како одговор на студијата, Роберт Ранкин, извршен директор на советот во индустриската асоцијација Calorie Control Council, изјавил за Си-Ен-Ен дека резултатите од студијата се во спротивност со децениските научни истражувања кои покажуваат дека нискокалоричните засладувачи како еритритол се безбедни, што е потврдено со глобалните регулаторни одобренија за нивна употреба во храната и пијалаците.

Европската асоцијација на производители на полиоли одбила да коментира, велејќи дека не ја разгледала студијата.

Случајно дошле до поврзаноста
Како сорбитолот и ксилитолот, еритритолот е шеќерен алкохол, јаглехидрат кој природно се наоѓа во многу овошја и зеленчук. Има околу 70% од сладоста на шеќерот и се смета за некалоричен додаток, според експертите.

Вештачки произведен, не го зголемува шеќерот во крвта и има помало лаксативно дејство од некои други шеќерни алкохоли.
Хејзен, кој исто така го води Центарот за микробиом и човеково здравје на Клиниката Кливленд, нагласил:

Еритритолот изгледа како шеќер, има вкус на шеќер и со него можете да печете колачи. Стана миленик на прехранбената индустрија, многу популарен додаток на кето и други производи и храна со ниски јаглехидрати што им се продаваат на луѓето со дијабетес. Откривањето на врската помеѓу еритритолот и кардиоваскуларните проблеми беше неверојатно. Не го очекувавме, ниту пак трагавме по тоа.