Ново откритие: Вообичаениот зачин може да го зголеми ризикот од рак на желудник за 40 отсто

Фото: Pexels
155

Истражувачите од Универзитетот во Виена откриле дека во текот на 11 години, оние кои редовно додавале сол во оброците имале 41 отсто поголеми шанси да развијат рак на желудникот отколку луѓето кои ретко додавале сол во оброците.

Истражувачите од Центарот за јавно здравје на Универзитетот во Виена откриле дека луѓето кои додаваат сол во повеќето оброци имаат 41 отсто поголеми шанси да развијат рак на желудникот отколку оние кои го користат тој зачин штедливо.

Претходните студии во Кина, Јапонија и Кореја ја поврзаа солената исхрана со ракот на желудникот – но ова е една од првите која ја покажа врската кај луѓето од Стариот континент, бидејќи истражувањето користело здравствени картони од британската Биобанка.

Иако австриската студија била само набљудувачка, некои други, постари студии сугерираат дека вишокот на сол може да ја еродира заштитната обвивка на желудникот, предизвикувајќи оштетување на ткивото и доведувајќи до канцерогени мутации.

„Нашата студија ја покажува поврзаноста помеѓу зачестеното додавање сол и ракот на желудникот и во западните земји“, рекла водечката авторка Селма Кронштајнер-Гичевиќ, нутриционистка од Универзитетот во Виена.

Само една мала рамна лажичка на ден

За многумина, количината на сол што можеме да ја консумираме секојдневно без драстично да влијае на нашето здравје е премала. Експертите советуваат да не се јаде повеќе од една мала, рамна лажичка кујнска сол дневно, но многу луѓе сакаат да додаваат повеќе сол во храната. Згора на тоа, многу намирници содржат скриени соли, па количината што ја консумираме на дневна основа е многукратно поголема.

Можеби изгледа безопасно да се додаде малку сол за да се подобри вкусот, но постојаното претерување со сол може да биде штетно, пишуваат истражувачите од Универзитетот во Виена.

Тие откриле дека во текот на 11 години, оние кои редовно додавале сол во оброците имале 41 отсто поголеми шанси да развијат рак на желудникот отколку луѓето кои ретко додавале сол во оброците.

Ова откритие важело дури и кога истражувачите ги елиминирале другите варијабли, како што се возраста, социоекономскиот статус и други избори на начин на живот, како што се употребата на алкохол и тутун, кои исто така значително придонесуваат за развој на рак на желудникот.

За ракот на желудник…

Кога е рано откриен, ракот на желудникот има висока стапка на преживување, но болеста може да напредува дури и пред да сфатите дека ја имате бидејќи многу од нејзините симптоми лесно се пропуштаат. Некои рани симптоми вклучуваат надуеност, желудочни тегоби и пречки во варењето, а сите тие се симптоми кои обично ги припишуваме на тежок оброк.

„Со нашата студија сакаме да ја подигнеме свеста за негативните ефекти од екстремно високата потрошувачка на сол и да обезбедиме основа за мерки за спречување на рак на желудникот“, рекол професорот Тилман Кун од Универзитетот во Виена.