Одејќи по тенки линии, на крајот завршувате во нечија кујна

На фотографијата е актерката Ангела Стојановска
304

Во рамки на проектот „Ајде да зборуваме за менталното здравје“ изминатиов месец се одржуваа повеќе активности, меѓу кои и мултимедијалниот перформанс „Одејќи по тенките линии“. Ние, од „Арт кујна“ бевме таму и го пренесуваме она што најмногу му прилега на нашиот портал: рецептот за колачот со кој не заслади актерката Ангела Стојановска како дел од перформансот кој симболично, се одржа во кујна

Мултимедијалниот перформанс кој во текот на овој месец (мај 2024) се изведуваше во повеќе

различни термини во резиденцијата на Делегацијата на Европската Унија на Водно, беше дел од

еден поширок проект насловен како „Ајде да зборуваме за менталното здравје“. Под овој слоган се

одржуваа повеќе активности на тема менталното здравје и уметноста, а мисијата на проектот е да ја

истакне важноста на менталната благосостојба кај човекот низ призмата на уметноста, како

најстаро изразно средство за комуникација, но и да ги крши табуата поради кои за менталните

состојби најчесто се молчи.

Во рамките на споменатиот мултимедијален настан беше инсталацијата на Дијана Томиќ-Радевска,

перформансот во режија на Јован Ристовски и актерите Наталија Ристеска, Ангела Стојановска и

Кристијан Танчевски, изложбата на уметнички дела под кураторство на Јасмина Котевска, која се

состои од ликовни дела креирани во Психијатриската болница во Демир Хисар и ликовни дела на

повеќе уметници (Марија Трајановска, Лусиана Ампева, Касиопеја Наумоска, Ема Петрова,

Никола Пијанманов, Тони Попов, Сашо Блажески, Трајче Чатмов и Горан Стојчетовиќ).

Ние, од Арт кујна, од сето ова го издвоивме она што најмногу му прилега на нашиот портал:

рецептот за колачот со кој не заслади актерката Ангела Стојановска како дел од перформансот кој,

симболично, како место кое од секогаш било она кое ги обединувало луѓето, се одржа во кујната

на резиденцијата.

Едноставен рецепт за колач со лимон, ем кисел, ем сладок, како впрочем и животот.

Еве го рецептот со сите состојки кои веројатно сите ги имате дома, а ние од искуство ви

порачуваме: ако сте во депресија, ако имате некој проблем, ако сте за нешто загрижени и тажни,

ако сте среќни, еуфорични, осамени или уморни од луѓе, ако сакате да израдувате некого,

сакате да размислите за нешто или да не размислувате за ништо, засукајте ги ракавите, направете

го овој колач и сте го направиле најдоброто за вашето ментално здравје.

На крајот, споделете го со некого, со семејството, пријателите, со саканите или изедете го сами и

уживајте во најдобриот кисело-сладок вкус на овој едноставен лимон-колач.

Еве го рецептот:

Состојки:

200 г растопен путер

200 грама шеќер

3-4 јајца (во зависност од големината)

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

200 г брашно

кора и сок од 1 лимон + 200 мл сок од лимон

Приготвување:

Во еден сад се матат најпрвин путерот и шеќерот, се додаваат јајцата, а потоа и останатите состојки.

Се мешаат сите состојки и смесата се претура во подмачкан калап и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 минути.

Кога малку ќе се излади, но сѐ уште топол, извадете го од калапот, избоцкајте го одозгора и прелијте го со 200 мл сок од лимон.