Дали сте слушнале за „јаболките на смртта“?

Фото: Pexels (На фотографијата е обична јаболкница )
138

„Мислев дека се јаболка, па каснав и настана ужас“, вели докторката Никола Стрикленд чиј одмор на островот Тобаго се претворил во вистински кошмар. Ова дрво е толку опасно што влезе во Гинисовата книга на рекорди

Дали сте слушнале за „јаболките на смртта“, а тие не се оние од приказната за Снежана и 7-те џуџиња?

Докторката Никола Стрикленд го замислила својот одмор на островот Тобаго како релаксирачки

одмор на рајска дестинација позната по бели песочни плажи и егзотична атмосфера. Но, на првиот

ден од нејзиниот престој, одморот се претворил во вистински кошмар.

Истражувајќи ја природата и обидувајќи се да најде школки и корали на белиот песок, докторката

нашла овошка која личела на јаболко, а всушност припаѓала на дрвото Hippomane mancinella,

пишува Јутарњи.хр.

Решила да го проба овошјето со пријателката, но по неколку залаци почнала да чувствува силна

лутина во грлото. Симптомите брзо се влошиле и набрзо докторката речиси и не можела да голта.

Hippomane mancinella е дрво кое се наоѓа на различни локации во Северна и Јужна Америка, како

и на Карибите и е познато како едно од најопасните дрвја во светот. Растението е познато по

своите исклучително отровни плодови кои можат да предизвикаат сериозни повреди, па дури и

смрт.

Во Јужна Америка, дрвото е познато како „arbol de la muerte“ или „дрво на смртта“ и „arbol del

diablo“ или ѓаволско дрво поради неговата токсичност. А е толку отровно што е запишано во

Гинисовата книга на рекорди, а во областите каде што доаѓаат туристи е означено со црвен знак X

како предупредување да не се јаде неговото примамливо овошје во облик на јаболко кое

предизвикува задушување. Овошјето е зелено по боја, а зеленикаво-жолто кога е зрело.

Опасно е да се приближите до дрвото дури и кога врне бидејќи стоењето под него може да

предизвика реакции на отровот, а сокот од плодот предизвикува изгореници каде и да падне на

кожата. Ова дрво расте до 15 метри во височина.

За среќа, д-р Стрикленд и нејзината пријателка преживеале благодарение на нивната брза реакција

и фактот што не изеле многу од овошјето, туку само парче. Оваа докторка го споделила своето

искуство во британски медицински журнал, истакнувајќи ја сериозноста на опасноста што ја носи

ова дрво. Институтот за храна и земјоделски науки во Флорида предупредува дека дури и секој

контакт со дел од ова дрво може да биде фатален.

Сепак, постои и друга страна на ова дрво – се користи како една од главните одбранбени линии

против ерозијата на плажите во Централна Америка, а карипските столари ја откриле тајната за

безбедно отстранување на отровите од дрвото со сушење на сонце. Оваа приказна јасно укажува

на опасностите кои можат да демнат дури и на најубавите дестинации, како и важноста од

претпазливост при истражување на природата и конзумирање на непозната храна.