Октопод со зеленчук

168

Иако ние немаме баш голем избор на свежа морска храна, сепак, со оглед на тоа што кога станува збор за октопод, препорачливо е претходно да е замрзнат за да биде месото помеко за јадење, ве охрабруваме да го испробате овој рецепт што ни го испрати нашата читателка од Хрватска

Рецептите за подготовка на октопод навистина варираат на безброј начини. Во приморска Хрватска, секој мал град, а веројатно и секое семејство, имаат свој „таен“ оригинален рецепт. Вкусот ќе се разликува само по видот и квалитетот на маслиновото масло, односот на зачините, начинот на комбинирање и соодносот на зеленчукот и зачинските билки.
За да го направите месото од октопод меко, постојат неколку начини. Едниот од нив е пред печење кратко да се свари во малку вода (околу 15 минути), а најдобриот начин кој ни одговара и нам бидејќи и онака немаме можност да најдеме свеж октпод, е да биде замрзнат пред печењето.

Во тава, на ладно масло ставете го октоподот, компирите и кромидот исечен на поголеми парчиња. Наоколу наредете ловоров лист, лук и шери домати, сè зачинете со рузмарин и малку сол. Можете да ставите и 100 мл бело вино и да покриете со алуминиумска фолија, па да го печете повремено долевајќи вода на температура од 180°C околу 90 минути.