Палента колач со мед и јогурт

Фото: Freepik
226

Овој колач со палента, мед и јогурт е сочен и неверојатно едноставен. Треба само да се измешаат состојките и да се испече, а за сочноста ќе придонесе преливот од сок од портокал и мед

Овој десерт од палента со мед и јогурт е совршен, бидејќи му дава нежен цветен вкус, а додавањето на сок од портокал и грчки јогурт го одржува исклучително влажен, т.е. сочен.

Еве како да направите колач од палента со мед и јогурт!

Состојки:
За колачот:

100 мл маслиново масло
150 гр мед
3 средни јајца
2 лажици сок од портокал
100 гр грчки јогурт
100 гр брашно
130 гр палента

1 прашок за пециво

За преливот:

60 мл сок од портокал
3 лажици мед

гранче рузмарин

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180°C. Во поголем сад измешајте ги маслиновото масло, медот, јајцата, сокот од портокал, грчкиот јогурт, брашното, палентата и прашокот за пециво и матете ги додека не се соединат.

Истурете ја смесата во подмачкан калап и печете околу 35 минути. (Покријте го горниот дел со фолија ако почне премногу брзо да поруменува.) Извадете го колачот од рерната и оставете да се излади.
Во мала тава загрејте го сокот од портокал со мед и свеж рузмарин. Откако колачот ќе се излади 10 минути, одозгора избоцкајте го со чепкалка за заби, па прелијте го со сирупот. Изладете во плехот, па извадете го и послужете.