Опасност од зараза: Дали би требало да престанеме да јадеме зелена салата и спанаќ?

Фото: Pexels
616

Она што мораме да го направиме е темелно да го измиеме секој лист, особено ако станува збор за зеленчук што ќе го јадеме сиров, но и да престанеме да се потпираме на пакувањата на кои пишува „претходно измиено“.

По исцрпувачкиот ден на работа или долгата ноќ надвор, малку која храна ќе ни обезбеди освежување како лиснатиот зелен зеленчук.

Топла чорба со кељ или спанаќ, измешана со друг зеленчук или парчиња месо, ќе ни даде вистинско изобилство од витамини, влакна и други хранливи материи кои ги обновуваат клетките. Сепак, често слушаме дека зелениот лиснат зеленчук се повлекува од продавниците поради контаминација, па многу луѓе се прашуваат – дали треба да ги јадеме со претпазливост?

Истражувањето спроведено во Калифорнија во текот на 20 години покажало дека тоа е навистина зеленчук кој најчесто може да предизвика болести бидејќи е склон на контаминација со бактеријата E. Coli.

Салата
„Ако погледнете како расте зелената салата, ќе забележите дека формира инка. Листовите се нерамни и брановидни. Некои од тие микроби може да се закачат и да се залепат на листовите“, вели Микеле Џеј-Расел, микробиолог од Универзитетот во Калифорнија, додавајќи дека спанаќот, на пример, е ризичен бидејќи листовите се блиску до земјата.

Една од причините зошто зелената салата, радичот, беби спанаќ и другите слични видови зелен зеленчук се поопасни од другите е фактот што ги јадеме сирови. Сепак, поголемиот број на пациенти доаѓаат и затоа што се едни од најпопуларните зеленчуци.

Дали треба да се откажеме од зелен лиснат зеленчук?
Дали зголемениот ризик од бактериска инфекција значи дека треба да избегнуваме зеленило? Воопшто не, велат експертите.

Сепак, она што мораме да го направиме е темелно да го измиеме секој лист, особено ако станува збор за зеленчук што ќе го јадеме сиров, и да престанеме да се потпираме на пакувањата на кои пишува „претходно измиено“.

Спанаќ
„Кога го миете, користете само вода и погрижете се мијалникот да ви е чист. Имено, доколку не се одржува правилно, мијалникот станува вистинско легло за бактерии кои ги пренесувате во вашиот зелен зеленчук! Така, да, можете да продолжите да уживате во зеленчукот во чинијата ако претходно правилно го измиете“, истакнува Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Кој зелен лиснат зеленчук е најздрав?
На нашето тело му требаат различни хранливи материи и витамини за да функционира правилно. Со само една порција кељ, просечна возрасна жена може да добие половина од препорачаниот дневен внес на витамин А, речиси една третина од препорачаниот дневен внес на витамин Ц и речиси целиот препорачан витамин К (помага во градењето здраво скелетно ткиво).

„Зелениот лиснат зеленчук е буквално ризница на хранливи материи и не смееме да се откажеме од нив“, вели Деби Фетер, нутриционист од Универзитетот во Калифорнија.

Во оваа широка категорија на зеленчук спаѓаат салатите, кељот, радичот, блитвата, спанаќот и слично и иако сите овие намирници се здрави, се разликуваат по количината на витамини и минерали што ги содржат. На пример, една порција романска зелена салата може да ја победи истата порција кељ со витаминот А, но е многу пониска во нивоата на витамин Ц и К.

Препорачливо е да јадете зеленчук што го сакате бидејќи секој од нив ќе ве збогати со хранливи материи, а доколку знаете дека имате недостаток на одреден витамин, добро е да се консултирате со експерт кој ќе ја прилагоди вашата исхрана, заклучуваат експертите. .