Орео колач по рецептот на млада домаќинка

377

Повеќето млади домаќинки најмногу сакаат да подготвуваат десерти што не се печат, па оваа Орео торта е одлична верзија и наш предлог за некоја следна прослава или роденден.

Ако ги сакате тортите со кекси кои не се печат, тогаш оваа е одлична варијанта. Орео кексите ја прават сепак поинтересна од вообичаениот чизкејк чија основа се прави со обични кекси.

Рецептот е од скопјанката Симона Деловска која ја направила за роденденот на својот татко. Оттаму и декорацијата која вие можете да ја направите по свој вкус.

Состојки:
За основата за торта:
орео бисквити 14 тркалца (околу 150 г)

80 г путер

За мусот:
200 г крем сирење (може да биде ABC)
80 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
500 мл шлаг

14 орео кекси (околу 150 г)

Декорација:

300 мл шлаг
150 г чоколадо за готвење
150 мл шлаг
неколку колачиња за декорација

Приготвување:

Орео бисквитите се мелат, се додава растопениот путер и се меша.

Во плех со обрач (22 см) распоредете ја смесата со кексите како за чизкејк и ставете ја во фрижидер додека го подготвувате остатокот.

Направете го шлагот. Во посебен сад се додаваат крем сирењето, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и измешајте со миксер.

Се додава шлагот и повторно се меша додека не се соедини.

Преостанатите 14 орео бисквити со рака издробете ги во смесата и измешајте.

Подготвените состојки распоредете ги врз смесата од фрижидерот и вратете ја повторно во фрижидер, а откако ќе се стегне, извадете го обрачот.

Направете 300 мл шлаг и покријте ја целата торта, па украсете ја по ваш избор.