Ослободете се од зависноста од слатки, исчистете се од паразитите и ослабнете: Народен рецепт од само 2 состојки!

Фото: Freepik
910

Најефикасни методи за чистење на телото од паразити се оние со народни, односно, со природни лекови. Ние најдовме еден наједноставен, кој е мешавина од лен и каранфилче

Дали често ве привлекуваат слатките вкусови? За жал, кај повеќето луѓе (не само кај децата) постои зависност од слатки. Дали некогаш сте се запрашале – зошто? Постојат неколку причини за оваа зависност, а една од нив се паразитите во организмот.

Кога човек јаде многу слатки, тој создава во своето тело услови за таложење на слуз. На оваа слуз почнуваат да се размножуваат габи и бактерии.

Според статистичките податоци, една третина од населението страда од паразити. Обично, луѓето не се ни свесни за нивното присуство во своето тело.

Паразитите кои живеат во нашето тело ни ја одземаат енергијата. За да ја надомести, телото бара да јаде нешто слатко, бидејќи гликозата, која е содржана во слатките, му дава на телото брз енергетски поттик.

Во исто време се формира масен слој кој исто така делува на заштита на организмот. Во принцип, колку повеќе паразити – толку е подебел слојот на маснотии.

Ако се ослободите од паразитот, тежината ќе ви се врати во нормала и ќе исчезне желбата за слатки.

И така, кога паразитите ќе престанат да ви ја земаат енергијата, поспаноста, заморот, главоболката, слабоста ќе исчезнат, а метаболизмот ќе се нормализира.

Потребно е да се лекуваат паразитите или да се спроведува превенција (дури и ако мислите дека немате паразити во вашето тело) двапати годишно, односно еднаш на секои шест месеци.

Најефективните методи за чистење на телото се оние со народни, односно, со природни лекови.

Чистење на телото од паразити – мешавина од лен и каранфилче
Состојки:

Ленот и каранфилчето се ефикасни против речиси сите видови паразити.

За подготовка на смесата за чистење, потребно е да се земат 10 делови од ленено семе и 1 дел од суво каранфилче (100 г ленено семе и 10 г каранфилче).

Приготвување:

Сè заедно смелете во прав во мелница за кафе.

Тоа е вашиот лековит прашок за чистење!

Употреба:

Земајте 2 рамни лажици секој ден, три дена по ред.

Прашокот можете да го додадете во зготвената храна, во еден оброк или да го изедете така, а потоа да се напиете чаша топла вода (најдобро наутро).

Откако ќе ја земате оваа смеса три дена, направете пауза од 3 дена.

Потоа повторете ја постапката.

Оваа смеса треба да се консумира еден месец.

Реакции:

Немојте да ве збунува некоја реакција на телото како што се чешање, осип, херпес, промена на бојата на столицата, урината или нешто друго. Доколку го забележите тоа (не мора да се случи кај секој), тоа е знак дека телото се чисти.

Кога се консумира, оваа смеса останува на ѕидовите на гастроинтестиналниот тракт, а резултатот е паразитите да бидат „принудени“ да го напуштат вашето тело.

За да се подобрат резултатите, па паразитите конечно да го напуштат своето место на живеење, се препорачува да се користи изварка од лен, на празен стомак.

За чистење на организмот, добро е да се земаат и кисело млечни производи, копар, семки од тиква, семки од сончоглед, ореви, листови од магдонос и свежо цедени сокови од овошје и зеленчук.