Ослободете се од здивот од лукот на најефикасен начин

Фото: Pexels
362

Меѓу намирниците кои веќе се докажаа во борбата против лошиот здив се зелената салата, јаболката, млекото и ментата, а сега им се придружи и една од омилените намирници.

Научниците заклучија дека протеините присутни во обичниот јогурт од полномасно млеко го неутрализираат мирисот и ги смируваат соединенијата на база на сулфур кои предизвикуваат долготраeн лош здив после јадење лук.

Најдобрата храна против мирисот на лук
Д-р. Шерил Барингер, постар автор на студијата и професор по наука и технологија за храна на Државниот универзитет во Охајо во САД, всушност истражувала други видови храна за да најде таква која успешно ќе ги отстрани мирисите.

Меѓу намирниците кои се веќе докажани во борбата против здивот од лукот се зелената салата, јаболката, млекото и ментата. Интересно е да се забележи дека кулинарските стилови кои користат многу лук, како оние во Индија и Блискиот Исток, обично користат мента и јогурт повеќе отколку кулинарските стилови на Запад.

Речиси стопроцентна ефикасност
Истражувачите откриле дека само јогуртот ги намалува речиси сите (99%) од главните испарливи материи на сировиот лук што предизвикуваат мирис. Кога се тестирани одделно, мастите, водата и протеинските компоненти на јогуртот, исто така, имаа дезодорирачки ефект врз сировиот лук, иако мастите и протеините биле подобри од водата.

Протеините кои се проучувале вклучувале форми на протеини од сурутка, казеин и млечни протеини кои биле ефикасни во отстранувањето на мирисите, а се покажало дека комплексот казеин мицела-протеин од сурутка е најдобар.

Во една неодамнешна студија е утврдено дека присуството на полномасни млечни масти има и заштитно дејство против кардиоваскуларни болести и зголемување на телесната тежина.

Важноста на протеините во елиминирање на лошиот здив
Во студијата со лук, тимот спровел дополнителни експерименти кои вклучуваа промена на pH нивото на јогуртот за да се направи помалку кисел и открил дека тоа довело до намалена дезодорирачка ефикасност на јогуртот на лукот.
Ова укажува на важноста на протеините, бидејќи како што се менува pH конфигурацијата на протеините, така се менува и нивната способност да се врзуваат. Познато е дека протеинот го врзува вкусот – иако многу пати ова се гледа како негативно, особено ако храната со висока содржина на протеини има помалку вкус.

Јогуртот и неговите индивидуални состојки неутрализирале помал процент на испарливи соединенија во пржениот лук во споредба со сировиот лук, но веројатно затоа што самото пржење го намалува присуството на овие испарливи материи.

Зошто грчкиот јогурт е најефикасен?
Д-р. Барингер и нејзиниот тим веруваат дека нивната студија поставува добра основа за истражување на различни протеини кои наскоро би можеле да се формулираат за да се создаде совршен производ за ослободување од лошиот здив од лукот. Во меѓувреме, д-р Барингер предлага да јадете грчки јогурт, кој има поголема протеинска вредност од полномасниот јогурт, па затоа можеби е најефективниот начин да се ослободите од лошиот здив.

„Порано секогаш препорачувавме да јадете јаболко откако ќе конзумирате лук“, објаснува д-р Барингер и додава: „Истото важи и за јогуртот. Откако ќе изедете јадење што содржи лук, јадете јогурт“.