Осум тегоби за кои помага чајот од ѓумбир

Фото: Unsplash
3.053

Ѓумбирот е еден од најраспространетите зачини во светот. Има необична арома, која сите ја препознаваме речиси веднаш. Освен тоа, ѓумбирот има и одлични лековити својства, поради што дефинитивно треба да го консумираме секој ден, а нема подобар начин од подготовка на вкусен чај.

Чајот од ѓумбир се користи за ублажување на разни тегоби, а дополнителните состојки како мед, лимон или портокал можат да го подобрат вкусот на чајот, но и неговите лековити својства.

Ги ублажува мачнините: Една од најпознатите придобивки од чајот од ѓумбир е ослободување од мачнина. Шолја чај пред патување може да спречи гадење и повраќање. Чајот од ѓумбир е одличен и за трудници кои имаат проблеми со утринските мачнини. Без страв испијте шолја чај од ѓумбир веднаш штом ќе ги почувствувате првите знаци на гадење.
Го намалува нивото на стрес: Чајот од ѓумбир има смирувачки ефект врз телото и умот. Може да го намали нивото на стрес и да ја ублажи напнатоста. Само една шолја чај може значително да го подобри вашето расположение. Остава чувство на свежина и смиреност долго време. Кога сте под стрес, не посегнувајте по нездрави методи за опуштање, туку испијте шолја чај од ѓумбир, кој докажано го намалува нивото на кортизол во организмот.
Ја подобрува циркулацијата: Витамините, минералите и аминокиселините во ѓумбирот ќе ја подобрат циркулацијата на крвта и ќе го намалат ризикот од болести на срцето и крвниот систем. Ѓумбирот ќе спречи таложењето на наслаги на артериите и значително ќе го намали ризикот од срцев и мозочен удар.
Ги олеснува менструалните грчеви: Чајот од ѓумбир со кафеав шеќер се користи во традиционалната кинеска медицина за ублажување на менструалните грчеви. Жените кои страдаат од тешки менструални грчеви можат да користат топли облоги со чај од ѓумбир. Потопете крпа во топол чај и ставете го на стомакот. Наскоро ќе забележите како мускулите се опуштаат, а болката се намалува.
Го подобрува варењето: Чајот од ѓумбир значително ќе ја забрза работата на дигестивниот систем и ќе ја подобри апсорпцијата на хранливите материи. Ќе ја намали и надуеноста предизвикана од брзо јадење и прејадување. Чајот од ѓумбир ќе го регулира апетитот.
Ги ублажува мигрените: Ѓумбирот е многу ефикасен за ублажување на мигрената. Една шолја чај од ѓумбир значително ќе го намали хроничното воспаление во телото, што е водечки фактор на ризик за мигрена.
Ги ублажува симптомите на артритис: Ѓумбирот има одлични антиинфламаторни својства, а топлите облоги од чај од ѓумбир ќе ја ублажат болката во зглобовите предизвикана од артритис.
Ја зголемува плодноста: Ѓумбирот се користел како афродизијак во древната кинеска медицина. Исто така, постојат верувања дека ја зголемува плодноста кај мажите. Некои студии покажаа дека секојдневното консумирање ѓумбир ја зголемува концентрацијата на спермата и помага при еректилна дисфункција.

Подготовка на чај од ѓумбир:
Состојки:

4 чаши вода
парче корен од ѓумбир од 5 цм
мед и лимон
Приготвување:

Купете свеж, цел корен од ѓумбир.
Во тенџере зовријте вода.
Излупете го коренот од ѓумбир и исечете го на коцки или тркалца.
Кога водата ќе зоврие, ставете ги парчињата ѓумбир.
Оставете го да се вари 10 до 15 минути.
Потоа тргнете го садот на страна и покријте го.
Оставете да отстои уште 15 минути, а потоа процедете го чајот.
Чајот е најдобар кога се пие сам, без никакви додатоци.
Ако тоа не ви одговара, можете да додадете мед и лимон.