Хот-дог од моркови: Здрава верзија на омилените сендвичи на скара

Фото: Unsplash
143

Доколку не сте љубител на класичните виршли, избегнувате преработена храна или едноставно сакате малку промена – ова е вистинскиот рецепт за вас.

Најдовме интересен рецепт за хот-дог во кој главни ѕвезди се морковите. Со малку труд за лупење и добра маринада, можете да направите вкусни „колбаси“ од скромните моркови за сензационален хот-дог кој воопшто нема вкус на коренест зеленчук.

Еве како се прават:

Рецепт за лажен хот-дог на скара

Доколку не сте љубител на класичните виршли, избегнувате преработена храна или едноставно сакате малку промена – ова е вистинскиот рецепт за вас.

Да, добро прочитавте. Еве како оваа гастрономска магија ја изведуваат Јасмин и Крис од Јутјуб каналот Sweet Simple Vegan.

Состојки за лажен хот-дог:
5-6 моркови со средна големина
400 мл супа од зеленчук
50 мл јаболков оцет
3 лажици соја сос
2 лажици јаворов сируп
1 лажичка чадена пиперка во прав

1-2 чешниња лук
¼ лажичка црн пипер

Во оригиналниот рецепт има и 1 лажица течен чад, но ние не знаеме каде би можело да се најде.

Приготвување:

  1. Измијте ги и исчистете ги морковите. Со помош на лупач за зеленчук обликувајте го свежиот морков така што ќе наликува на виршла.
  2. Во тенџере истурете супа од зеленчук, јаболков оцет, соја сос, јаворов сируп, (течен чад), чадена пиперка во прав, лук и пипер.

Наместо јаворов сируп, можете да додадете мед.

  1. Загрејте ја маринадата на умерена температура и потопете ги морковите во неа. Гответе сè заедно околу десет минути, додека морковите не омекнат.
  2. Додека морковите се ладат, вклучете ја скарата.
  3. Извадете ги морковите од маринадата, премачкајте ги со растително масло по желба и печете ги на скара по три до пет минути од секоја страна додека термички не се обработат до крај и не добијат траги од скарата.
  4. Во лепчиња за виршли ставете ги лажните виршли и соединете ги со сосови по желба. Добар апетит!

Целиот процес на трансформирање на морковите во виршли погледнете го на Инстаграм профилот на Јасмин Брионс од блогот Sweet Simple Vegan.