Оваа секојдневна навика е една од најлошите за здравјето на мозокот

Фото: Unsplash
511

Покрај тоа што е штетна за здравјето на нашиот мозок, оваа секојдневна навика придонесува и за несакано дебелеење бидејќи сме повеќе склони кон грицкање и прејадување во текот на денот.

Лекарите предупредуваат дека одредени навики придонесуваат за лошо здравје на мозокот. Тука станува збор за една секојдневна навика која ја имаат повеќето луѓе, а според најновите студии, може да придонесе за побрзо стареење на мозокот, како и за когнитивно опаѓање во целина, пишува Тајмс оф Индија.

Како што објаснуваат експертите, станува збор за често прескокнување на оброците. Иако многу луѓе ја прават оваа грешка, само малкумина се свесни колку е штетна.

Имено, податоците покажуваат дека луѓето кои често прескокнуваат оброци се повеќе склони кон одредени здравствени проблеми поврзани со мозокот, како што се поголем ризик од деменција, губење на меморијата и намалена концентрација.

Покрај тоа што е штетна за здравјето на нашиот мозок, оваа секојдневна навика придонесува и за несакано дебелеење бидејќи сме повеќе склони кон грицкање и прејадување во текот на денот.