Оваа зачинска билка помага во намалување на високиот холестерол
Диететичарите го издвоија ова растение како најдобро за употреба во исхраната на луѓето кои имаат проблеми со висок холестерол. Како причина го истакнуваат тоа што рузмаринот е богат со антиоксиданти.
Употребата на растенија и зачини во исхраната може значително да влијае на вкусот на храната, но
и да ни помогне да внесеме различни хранливи материи во организмот. Иако одредени зачини и
билки се попопуларни од другите, многумина ќе се согласат дека рузмаринот е на врвот на листата.
Диететичарите го издвоија ова растение како најдобро за употреба во исхраната на луѓето кои
имаат проблеми со висок холестерол. Како причина го истакнуваат тоа што рузмаринот е богат со
антиоксиданти. Одличен е во комбинација со маслиново масло, но и со други намирници кои се
дел од медитеранската исхрана.
Богат е со антиоксиданти
Диететичарот Џордан Хил истакнува дека „рузмаринот е богат со антиоксиданtи кои се борат
против воспаленијата и оксидативниот стрес во телото, што на крајот помага да се спречи штетната
оксидација на лошиот, или ЛДЛ холестерол“.
Постара научна студија покажала дека рузмаринот влијае на нивото на шеќер и холестерол во
крвта. Како што пренесува „Eating Well“, во истражувањето учествувале 48 волонтери кои земале по
два, пет или десет грама мелен рузмарин дневно во текот на четири недели. Учесниците во
студијата направиле тестови на крвта пред и на крајот од студијата, а резултатите покажале дека
волонтерите кои земале најголема доза (десет грама во текот на четири недели) имале значително
пониско ниво на лош холестерол.
Рузмаринот често се користи во најдобрaта исхрана на светот
Медитеранската исхрана се смета за најдобра и најздрава во светот, а рузмаринот е вообичаен
зачин кој се користи во неа. Овој тип на исхрана е богат со овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти
плодови, семки, масна риба, екстра девствено маслиново масло и ограничени количини на
додадени шеќери и заситени масти.
Јадењата во медитеранската исхрана се збогатени со зачини како рузмарин, оригано, босилек,
цимет, ѓумбир и други зачини кои се поврзани со различни здравствени придобивки.
Употребата на рузмарин во подготовката на јадењата може да додаде антиоксиданти и влакна во
оброкот, како и да го подобри вкусот.
Помага да се намали внесот на заситени масти
Луѓето кои имаат висок холестерол треба да внимаваат на внесот на заситени масти од полномасно
млеко, путер, павлака, пржена храна, сувомеснати производи и црвено месо со висок процент на
масти. Меѓутоа, ако повремено одлучите да јадете црвено месо, внесот на заситени масти можете
да го намалите со маринирање на месото со билки.
Билките како рузмарин не содржат масти. Рузмаринот има силен вкус и добро се комбинира со
други билки како мајчина душица, мајоран и оригано.
Нутриционистката и диететичарка Сара Хас истакнува дека особено е добро да се користи
рузмарин при маринирање на говедско месо. „Тоа е затоа што соединенијата во рузмаринот
помагаат да се спречи формирањето на хетероциклични амини (канцерогени соединенија) кои
можат да се наталожат на месото за време на печењето на скара“, тврди Хас.