Овесен колач со банана и путер од кикиритки

174

Овој колач од овесни снегулки, банана и путер од кикиритки е вкусен појадок кој е совршен за напорни утра. Лесно е да се направи за само 30 минути со само неколку хранливи состојки, кои ќе ви обезбедат дарежлива порција од влакна, протеини и здрави масти за да бидете сити целиот ден. Така барем вели нашата читателка Марина која ни ги испрати рецептот и фотографијата

Овoj рецепт е одличен ваков каков што е, но и само како база врз основа на која со замена на некои состојки ќе си го прилагодите кон својот вкус.

Тој е без глутен, без млечни производи, погоден за вегани и нема рафиниран шеќер. Може да се направи дури и без кикиритки со путер од некои други јаткасти плодови или од семки! Навистина, овој рецепт може да биде за сите луѓе и вкусови.

Еве предлог за замена на некои од состојките:

Овесни снегулки: текстурата на колачот е најдобра кога наместо овесни снегулки коритите овесно брашно кое може да го направите такашто едноставно ќе ги смелете во блендер или процесор за храна додека не добие иста текстура како и овесното брашно.
Кремаст путер од кикиритки: кој било путер од јаткасти плодови или семки добро функционира во овој рецепт – примерите вклучуваат путер од сончогледово семе или путер од бадем. Можете да користите и крцкав путер од кикиритки.
Јаворов сируп: медот е одлична замена.
Јајце: чиа или ленено семе (1 лажица чиа или мелено ленено семе измешано со 2 ½ лажици топла вода) може да се користи наместо обично јајце.
Млеко: Можете да користите кравјо полномасно млеко, но наместо тоа, можете да користите и бадемово, кокосово или некое друго растително млеко или пола-пола.
Овој рецепт е лесен за правење.

Состојки:

1 ½ шолја овесно брашно
1 лажичка прашок за пециво
малку сол
1 лажичка мелен цимет
2 испасирани презрели банани
¼ шолја путер од кикиритки
1 лажичка екстракт од ванила
¼ шолјичка чист јаворов сируп или мед по вкус
1 големо јајце лесно изматено или некоја од замените
¾ шолја млеко

семки од сончоглед, овесни снегулки, ореви или ливчиња бадеми за поросување

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени Ц. Намачкајте го долгнавестиот калап за печење леб и оставете го на страна.
Во голем сад измешајте ги пасираните банани и путерот, додадете ги екстрактот од ванила, јаворов сируп и јајце.
Додадете го млекото и измешајте да се соедини.
Додадете ги прашокот за пециво, овесното брашно, сол и мелениот цимет во влажните состојки и мешајте додека смесата не се изедначи.
Истурете ја смесата во подготвениот сад за печење. Поросете го одозгора со семки од сончоглед, овесни снегулки, ореви или ливчиња бадеми или со сѐ заедно.
Се пече на 180 степени 25 минути.
Оставете малку да се излади. Потоа, исечете го на парчиња и послужете.
Може да се чува во фрижидер дури до една недела, но веројатно нема да остане толку долго таму.