Овие четири намирници ќе ви помогнат да го намалите холестеролот

Фото: Pexels
195

Покрај генетските фактори, на високиот холестерол силно влијае и исхраната.
Внимателно бирајте што јадете бидејќи овие намирници e лесно да се вклучат во исхраната.


Вишокот холестерол што телото не го користи доведува до тоа холестеролниот плак да се наталожи во крвните садови и да го попречува протокот на крв.

Оваа состојба се нарекува атеросклероза и може да доведе до згрутчување на крвта, срцев и мозочен удар.

Причината за покачениот холестерол е делумно генетска, но се зголемува и поради лошите навики во исхраната, како што се консумирање премногу храна богата со заситени и транс масни киселини.

Недостатокот на физичка активност, пушењето и дебелината исто така придонесуваат за покачен холестерол.

Иако не можеме да ги контролираме нашите гени, можеме да внимаваме што јадеме.

Имено, додека некои намирници го зголемуваат нивото на ЛДЛ холестеролот, други имаат позитивен ефект.

Ова се намирниците кои треба да се најдат на вашето мени доколку сакате да избегнете проблеми со циркулаторниот систем.

Овес
Меѓу житариците, овесот е најбогат со протеини.

Тој е одличен извор на „добри“ јаглехидрати кои помагаат во балансирање на нивото на шеќер во крвта.

На овој начин избегнувате ненадејни скокови и падови на шеќерот во крвта предизвикани од рафинирана храната, како што се пекарските производи или рафинираните пченкарни снегулки, а исто така, содржи влакна кои ќе го намалат лошиот холестерол.

Според Клиниката во Кливленд, ако додадете само една шолјичка овесна каша во вашиот оброк дневно, можете да го намалите холестеролот за 5 до 8 проценти.

Јаткасти плодови
Бадемите, оревите и другите јаткасти плодови се одличен начин за намалување на ЛДЛ холестеролот.

Минатогодишното истражување покажа дека луѓето кои јадат јатки секој ден во текот на две години можат да го намалат лошиот холестерол, но и да го зголемат нивото на добриот холестерол.

Честичките на ЛДЛ холестеролот доаѓаат во различни големини, а истражувањата покажаа дека малите, густи честички на ЛДЛ холестеролот почесто се поврзуваат со атеросклероза, плак што се акумулира на артериите, наведува проф. Емилио Рос.

Авокадо
Иако дури 77 отсто од калориите во него доаѓаат од масти, станува збор за масти од олеинска киселина, истите оние кои се наоѓаат во маслиновото масло, основата на медитеранската исхрана, која се смета за најздрава.

Затоа, авокадото ќе ги намали шансите за развој на срцеви заболувања.

Заедно со бананите, авокадото е и најдобар избор за калиум.

Само 100 грама содржат 14 проценти од препорачаната дневна количина.

Калиумот е важен за намалување на крвниот притисок, па затоа се намалува и ризикот од срцев удар.

    Маслиново масло
    Повеќето лекари и нутриционисти се согласуваат дека маслиновото масло, особено девственото масло, е одлично за здравјето бидејќи содржи олеинска киселина, незаситена масна киселина, која има ефект на намалување на воспалението.

    Ако го користите наместо други масла, ќе влијае на снижување на нивото на холестерол.