Овие намирници можат да го намалат притисокот побрзо од лековите
Студијата објавена во списанието American Journal of Physiology – Renal Physiology сугерира дека зголемувањето на внесот на калиум во исхраната може да биде поефикасно во регулирањето на крвниот притисок отколку само намалувањето на натриумот.
Повеќе од 30 проценти од возрасните ширум светот страдаат од висок крвен притисок – тивка, но исклучително опасна болест која може да доведе до срцев и мозочен удар, откажување на бубрезите, неправилен срцев ритам, па дури и деменција. И додека намалувањето на внесот на сол се советува со години, научниците од Универзитетот во Ватерло тврдат дека клучот за решението можеби лежи во овошјето и зеленчукот што веќе ги имаме дома.
Студијата објавена во списанието American Journal of Physiology – Renal Physiology сугерира дека зголемувањето на внесот на калиум во исхраната може да биде поефикасно во регулирањето на крвниот притисок отколку само намалувањето на натриумот. Калиумот најмногу се поврзува со бананите, но го има и во брокулата, спанаќот, компирот, мешунките и многу други намирници кои се лесно достапни.
„Обично се препорачува да се намали внесот на сол за висок крвен притисок, но нашето истражување покажува дека зголемувањето на внесот на калиум – од храна како бананите и брокулата – може да има уште посилен ефект врз намалувањето на крвниот притисок“, вели професорката Анита Лејтон, експерт во областа на математиката, информатиката, биологијата и фармацијата.
Зошто калиумот помага
Калиумот и натриумот се електролити – супстанции кои го регулираат балансот на течности, помагаат во контракцијата на мускулите и играат клучна улога во преносот на електричните импулси во телото. Додека нашите предци консумирале исхрана богата со калиум и ниска со натриум, модерната западна исхрана е токму спротивното – премногу солена, а сиромашна со здрави минерали.
„Праисторискиот човек јадеше многу овошје и зеленчук, поради што нашите телесни системи развиле за да функционираат најдобро со исхрана богата со калиум. Денес, во индустријализираните општества, оваа рамнотежа е нарушена – што ја објаснува распространетоста на високиот крвен притисок“, вели докторантката Мелиса Стад, водечки автор на студијата.
Како дел од истражувањето, научниците развиле математички модел кој покажува како односот на калиум и натриум влијае на крвниот притисок, но и како овој ефект варира во зависност од полот. Резултатите откриле дека мажите имаат поголема веројатност да развијат висок крвен притисок отколку жените во предменопауза, но кај мажите позитивното дејство од зголемениот внес на калиум е поизразен.
„Математичките модели како овој ни овозможуваат брзо, етично и прецизно да го тестираме влијанието на исхраната врз здравјето на луѓето без потреба од долги и скапи клинички испитувања“, заклучува Лејтон.