Овие намирници никогаш не треба да ги јадете по истекот на рокот на траење

Фото: Pexels
459

Нутриционистите предупредуваат за одредени намирници кои би можеле да не доведат во прилично непријатна ситуација доколку ги консумираме по истекот на нивниот рок на траење.


Џенаид Бродел, нутриционистка специјализирана за спортска исхрана и управување со тежината, откри за Мирор кои намирници можат да предизвикаат проблеми со варењето, дијареа и повраќање доколку се консумираат по истекот на рокот. Овие и некои други намирници можат да предизвикаат инфекции со некои сериозни бактерии, како листерија, бруцела, салмонела и E. Coli, кои може да имаат фатален исход. Но, таа посочи и многу намирници кои можете да ги јадете со задоволство и неколку дена по истекот на рокот наведен на декларацијата. Во секој случај, свежото овошје е една од седумте намирници кои не треба да ги јадете по истекот на рокот.

  1. Млеко

Млечните производи како што се млекото и јогуртот може да содржат бактерии како листерија. Конзумирањето на вакви производи може да доведе до развој на сериозни болести, особено кај трудниците, постарите лица и лицата со ослабен имунолошки систем.

  1. Сирење

Слично на тоа, сирењата, особено меките сирења, како што е Бри, многу брзо можат да станат небезбедни за консумирање. Дефинитивно треба да се фрлат доколку им истече рокот, предупредува Бродел, посочувајќи дека сирењето може да предизвика сериозни болести, особено кај ранливите групи.

  1. Пилешко

Живината, без разлика дали е сирова или варена, е многу подложна на размножување на штетни бактерии, особено салмонела и E.coli и Cambylobacter.

И други лесно расипливи видови на месо можат да бидат опасни за конзумирање по истекот на рокот, вели Бродел, додавајќи дека консумирањето на таква храна по истекот на рокот го зголемува ризикот од труење со храна и најдобро е да се фрли.

4. Шунка

Сувомеснатиот производ и пакуваното месо може да предизвикаат болест доколку се консумираат по истекот на рокот. Овие производи се склони кон бактериска контаминација и може да предизвикаат непријатни болести или бактериски инфекции, како листерија. Затоа избегнувајте ги доколку им поминал рокот.

  1. Овошје

Иако разбира зошто тоа изненадува многумина, Џенаид Бродел истакнува дека свежото овошје може да биде многу штетно доколку се консумира по истекот на рокот. Истото може да се каже и за пакуваните салати и зеленчук, кои експертите советуваат да ги фрлите по истекот на тој рок.

„Овие намирници имаат висок ризик од бактериска контаминација и ја поддржуваат репродукцијата на бактерии како салмонела или листерија“, вели Бродел.

  1. Млечни формули за бебиња

И конечно, од клучно значење е строго да се придржувате до информациите за рокот на траење на детската храна и млечните формули. Овие производи се наменети за новороденчиња кои се поподложни на бактериски инфекции.

Но, додава Бродел, има многу работи што може безбедно да се конзумираат дури и по истекот на рокот, а тука спаѓаат конзервираната храна, сувите тестенини, оризот и житарките, замрзната храна, како што се замрзнат зеленчук, овошје, месо и полуготови оброци.