Важен јаглехидрат кој не смееме да го пречкртаме: Одличен е за срцето, црниот дроб и цревата, а помага и при дијабетес

Фото: Pexels
480

Здравите сложени јаглехидрати не само што можат да помогнат во контролата на тежината, туку и долгорочно можат да го поттикнуваат целокупното здравје.


Јаглехидратите добија лошо име во последниве години, и покрај фактот што тие се макронутриенти без кои нашето тело не може да функционира правилно. Се разбира, не е исто да се јадат високо преработени јаглехидрати и целосна храна што може да го продолжи вашиот животен век. Навистина, здравите сложени јаглехидрати не само што можат да помогнат во контролата на тежината, туку и долгорочно можат да го поттикнуваат целокупното здравје.
Една намирница која е богата со сложени јаглехидрати и која не би требало да ја занемарите е слаткиот компир, а еве зошто:

Го поттикнува здравјето на очите

Ако некој спомне храна која го поттикнува здравјето на очите, првото нешто на што веројатно помислувате е морковот. Но и слатките компири се многу богати со бета-каротен, растителен пигмент кој им ја дава светлата портокалова боја.
Нашите тела користат бета-каротин за да направат витамин А, антиоксидант кој се бори со слободните радикали и го поправа оштетувањето на очите, вели Џенифер Брунинг, диететичар со искуство во исхраната на постарите лица и портпарол на Академијата за исхрана и диететика (ААО).

Всушност, 200 грама печен сладок компир со кора обезбедува повеќе од двојно повеќе од препорачаната дневна количина на бета-каротeн за возрасен.
Иако одржувањето на здравјето на очите е важно во сите фази од животот, тоа е од клучно значење за постарите возрасни лица бидејќи како што стареете, вие сте изложени на поголем ризик за одредени болести на очите, според Американската академија за офталмологија (ААО).

Добар е за вашите црева

Слаткиот компир е богат со влакна, особено ако ја јадете кората. Влакната помагаат во исфрлање на отпадот низ нашето тело и на тој начин го штитат дебелото црево, вели Брунинг.

Проблемот е што повеќето луѓе не внесуваат доволно од оваа важна хранлива материја, а влакната се клучни за спречување на запек, кој станува сѐ почест како што старееме. Но, влакната не се единствената хранлива материја која е погодна за цревата а се наоѓа во слатките компири. Витаминот А е исто така корисен за одржување на слузницата на цревата и за поддршка на целокупното здравје, додава Брунинг.

Го поддржува вашиот имунолошки систем
Поради своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства, овој корен поттикнува здрава имунолошка функција, според Брунинг. Меѓу нив е изобилството на бета-каротин (претходник на витаминот А), кој игра важна улога во заштитата на епителот, еден вид телесно ткиво што ги обложува дишните патишта и цревата и служи како прва линија на одбрана од напади на патогени, според една статија објавена во Journal of Clinical Medicine​.
Плус, влакната во слатките компири го промовираат здравјето на цревата, каде што е сместен најголемиот дел од нашиот имунолошки систем, вели Брунинг. Затоа, здравите црева придонесуваат за здрав имунолошки систем, кој ќе ви помогне да се борите против болестите и да живеете подолго.

Исто така, студиите покажуваат дека недостатокот на витамин А го зголемува воспалението во цревата и ја намалува способноста на имунолошкиот систем правилно да одговори на можните закани. Редовното консумирање на слатки компири помага да се одржи посакуваното ниво на витамин А во организмот.

Го одржува здравјето на срцето

Слаткиот компир е одличен и за вашето срце. Тоа е делумно така затоа што слатките компири имаат повеќе калиум од бананите, вели Кејти Дод, регистрирана диететичарка која работи со постари лица.

Калиумот помага за многу функции во телото, вклучително и регулација на течностите и на крвниот притисок – додава таа. Ова е многу важно бидејќи високиот крвен притисок е поврзан со пократок животен век.
Покрај тоа, според Брунинг, високата содржина на влакна во слаткиот компир, исто така, може да помогне во контролата на нивото на холестерол. Како и високиот крвен притисок, високиот холестерол го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар и може да го спречи здравото стареење. Освен тоа, слатките компири го штитат и здравјето на црниот дроб

Помагаат во лекувањето на дијабетес

Ако живеете со дијабетес, вашиот лекар можеби ви рекол да го ограничите консумирањето на бели компири бидејќи тие имаат висок гликемиски индекс, што значи дека предизвикуваат ненадејни скокови и падови на шеќерот во крвта и инсулинот. Исто така, може да ги влоши здравствените проблеми како дијабетес, дебелина и срцеви заболувања.
Но, за разлика од обичните бели компири, слаткиот компир не мора да го исфрлите од вашата исхрана ако имате дијабетес. Напротив, може дури и да ви помогне да ја контролирате вашата состојба.
Иако некои сè уште го нарекуваат „сладок компир“, според Брунинг, не мора да се плашите од неговата сладост ако имате дијабетес.

Влакната и антиоксидантите во овој моќен зеленчук придонесуваат за подобра контрола на гликозата кога се консумираат во разумни порции како дел од оброкот, објаснува таа.
Имено, високата содржина на влакна помага во спречување на нагли скокови на шеќерот во крвта и ве одржува сити.

Слаткиот компир може да се подготви на различни начини
Одличен е пржен, печен и варен, а можете да го додадете и во чорби и супи. Ако се обидувате да избегнете слатки, вклучете го во вашиот ручек и нема да ви треба десерт. Како прилог одлично оди со говедско или дивеч во сос. Најдобро е да се вари на пареа бидејќи така ќе се зачува аромата и вкусот.

Сепак, може да се подготви и на сите други начини, исто како и компирот. Каков и да е „термичкиот третман“, тој не треба да трае помалку од 30 до 40 минути.