Овие работи никогаш не треба да ги правите на празен стомак

Фото: Pexels/Pixabay
158

Во овој текст сакаме да ви укажеме за различни работи кои е најдобро да не ги правите наутро. Затоа, обрнете внимание и обидете се да ги избегнувате

Често усвојуваме низа навики кои е најдобро да не ги правиме во одредени периоди од денот. И секој од нас има работи што ги прави на празен стомак, а не би требало.

Иако ви се чини дека утрото на празен стомак е најдобро време за одредени активности, бидете внимателни.

Експертите предупредуваат на работи кои треба да ги избегнуваме доколку не сакаме да го загрозиме нашето здравје.

Еве што не треба да правите на празен стомак
Во овој текст сакаме да ви укажеме за различни работи кои е најдобро да не ги правите наутро. Затоа, обрнете внимание и обидете се да ги избегнувате:

Не земајте антиинфламаторни лекови на празен стомак

Не се препорачува земање антиинфламаторни лекови (како аспирин, парацетамол) на празен стомак.

Тоа ја намалува нивната ефикасност, но може да биде и потенцијално предизвикување сериозни здравствени проблеми како што е крварење од желудникот.

Не пијте кафе

Дали кафето е првото нешто што го пиете кога ќе станете?

Па, ова не е добра идеја бидејќи кафето, дури и кога е без кофеин, го стимулира производството на киселина.

Тоа значи дека ако пиете кафе на празен стомак, тоа може да предизвика киселини и други проблеми во дигестивниот систем.

Притоа, доколку и не појадувате после кафето, би можеле да страдате од недостаток на серотонин, кој ќе ве стави во лошо расположение цел ден.

Наспроти оној совет дека не е добро да се става млеко во кафето, овојпат тоа се потенцира како добра идеја бидејќи благодарение на маснотиите овие негативни ефекти на кафето ќе се намалат.

Не пијте алкохол

Пиењето алкохол на празен стомак може да биде бомба за стомакот.

Тоа е затоа што апсорпцијата на алкохол се удвојува на празен стомак, што е споредливо со интравенска инјекција на алкохол.
Освен тоа, на овој начин алкохолот се елиминира многу побавно, што предизвикува посилен мамурлак.

Исто така, ова ќе влијае на вашиот црн дроб, срце и бубрези.

Не џвакајте гума за џвакање

Гума за џвакање на празен стомак не е добра идеја бидејќи хлороводородната киселина што ја произведуваме кога џвакаме влијае на слузокожата на празниот желудник, што на крајот може да предизвика гастритис.

Не вежбајте

Не правете интензивни вежби на празен стомак – може да изгубите мускулна маса.

Освен тоа, нема да можете добро да тренирате бидејќи вашето тело нема доволно енергија. Лесните, аеробни вежби се поприфатливи.

Доколку имате проблеми со дигестивниот систем, најдобро е да јадете пред секое вежбање, бидејќи физичката активност го поттикнува производството на желудочен сок, што не е добро за желудникот.

Не одете да пазарувате намирници

Најдобро е да не купувате намирници кога сте гладни бидејќи на крајот ќе купите повеќе отколку што ви треба.

Се покажа дека чувството на глад не тера да купуваме повеќе храна отколку што навистина ни е потребна.